Формула 1 со спектакуларна завршница: Верстапен во последниот круг стана шампион

LinkSense.mk

Спектакуларна последна трка во Формула 1. Верстапен во последното коло стана светски шампион

Макс Верстапен во инфарктната последна трка од сезоната во Абу Даби во последниот круг го престигна Луис Хамилтон и дојде до својата прва титула во кариерата.

Една од најдраматичните сезони во историјата на Формула 1 не можеше да има подраматичен крај од она што денеска се случи на патеката во Арапските Емирати. Верстапен уште на стартот ја загуби пол-позицијата и веќе во третата кривина лесно се судри со Хамилтон, кој ја напушти патеката, го пресече свиокот и се врати на патеката, добивајќи така многу голема предност.

Ред Бул протестираше кај судиите кои одлучија дека Верстапен влијаел на Хамилтон со својот маневар и практично го избркал од патеката, по што Британецот го запоседна првото место и, од круг во круг, само ја зголемуваше предноста.

Верстапен прв влезе во боксот, во 14. круг, и на патеката се врати на петтото место. Веднаш по него во боксот влезе и Хамилтон, но се врати на второто место, со нешто повеќе од седум секунди заостаток зад тимскиот колега на Верстапен, Серхио Перез.

Перез два круга забавуваше и го излудуваше Хамилтон, кој во спектакуларниот двобој со Мексиканецот загуби шест секунди во два круга. Тој го престигна Перез, кој храбро возврати, но Хамилтон сепак го надмудри Перез и изби повторно на првото место.

Сега „Мерцедес“ протестираше пред судиите, сметајќи дека Перез вози опасно, но и тој протест беше одбиен со порака: „Ова е трка“.

Перез после тоа му го отстапи второто место на Верстапен кој тргна да во лов на Хамилтон, но се чинеше дека нема апсолутно никакви шанси шанси. Британецот константно ја зголемуваше предноста и возеше без каква било грешка.

Но, тогаш беше означен „безбедносен автомобил“, откако Џовинаци излета од патеката на опасно место.

Верстапен тогаш ја искористи можноста за влегување во бокс, за да ги замени гумите. Не е познато зошто „Мерцедес“ реши да го задржи Хамилтон на гумите кои ги замени во 15-от круг.

Во тој момент, предноста на Хамилтон беше повеќе од 20 секунди, но таа почна незапирливо да се топи од круг во круг бидејќи Верстапен на новите гуми беше речиси една секунда побрз по круг.

„Дали ризикувавме што ме оставивте на патеката?“, праша загрижениот Хамилтон кој некако успеа да го стабилизира водството пред Верстапен на 14 секунди на десетина кругови пред крајот.

Малку кој веруваше дека Верстапен ќе може да ја анулира предноста од 11 секунди колку што во тие моменти беше разликата меѓу него и водечкиот Хамилтон. Само чудо можеше да се случи и Холанѓанецот да му ја одземе титулата на возачот на „Мерцедес“ кој тогаш ја имаше во раце. И се случи чудо.

На пет кругови пред крајот, Николас Латифи удри во заштитната ограда и го расфрли болидот на патеката, поради што на патеката излезе безбедносното возило, што значеше дека предноста на Хамилтон целосно ќе се стопи.

„Па ова е неверојатно, човече“, викаше Хамилтон преку радио врската со неговиот тим механичари.

За тоа време, пак, Верстапен тргна по нов сет меки гуми во боксот, надевајќи се дека патеката ќе биде исчистена до крајот на трката и дека безбедносното возило ќе излезе од патеката пред крајот на трката.

Но, тогаш на сцена стапија судиите кои најпрво одлучија дека болидите нема да не се вратат во редот во кој беа пред несреќата на Латифи, за потоа да ја сменат одлуката и го преуредија редот, односно го вратија Верстапен зад Хамилтон.

Сите чекаа дали безбедносното возило ќе стигне да излезе од патеката и тоа се случи во последниот круг од последната трка сезонава.

Со старите гуми Хамилтон немаше никакви шанси против Верстапен кој буквално во последните секунди од трката го престигна Британецот.

Хамилтон се обиде уште еднаш очајнички да ја врати позицијата, беа тркало до тркало со Верстапен, но Макс се одбрани и ја освои титулата.

Неверојатни сцени. Верстапен плаче, Кристијан Хорнер плаче, а „Мерцедес“ сигурно ќе се жалат што се случило под безбедносното возило.

 

 

„Им честитам на Макс и на неговиот тим. Бевме одлични оваа сезона, од првата до последната трка. Сезоната беше многу тешка. Дадовме се од себе на овие последни трки и тоа е најважно…“

                                              Луис Хамилтон

 

 

 

„Не знам што да кажам, сè уште сум под импресии. Луѓе во мојот тим се неверојатни. Се борев цела трка и конечно имав малку среќа. Сакам засекогаш да останам во оваа екипа. Им благодарам на сите…“

                                                             Макс Верстапен