Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Франција го премина мрачниот праг на жртви на пандемијата
Во Фокусот

Франција го премина мрачниот праг на жртви на пандемијата

април 15, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вчера Франција и официјално го премина мрачниот број од сто илјади починати од Ковид.

Дневниот весник „Монд“, по примерот на американските колеги, по тој повод на насловната страна стави црни точки, а секоја од нив визуено претставува еден човечки живот.

За една година, пишува весникот, исчезнал, практично, еден цел град.

Зад овие бројки се човечки животи, а зад нив цели семејства и тага која го прати нивното заминување. Починати се стари, но и средовечни и млади луѓе. Официјалните статистичари сметаат дека починати има уште повеќе, затоа што недостасуваат податоци за оние кои починале дома, а не во болница, како и оние кои ќе се ажурираат, па се смета дека дека овој број ќе биде зголемен за уште околу 11 илјади.

На тоа треба да се придодадат и оние за кои не е утврдена директна врска со оваа болест, но која ја забрзала нивната смрт.

Имало толку починати што, практично, многумина отидоа во заборав. Морбидните бројки станаа секојдневица, а луѓето како да се навикнаа на ова непрестано лицитирање, од ден на ден.

Здруженијата на семејствата на починатите од Ковид затоа бараат во земјата да се одржи ден на сеќавање на нив, но властите сеуште не одлучиле кога тоа ќе го направат.

„Тој момент ќе дојде“, рече портпаролот на владата Габриел Атал, пренесе „Монд“.

Познавачите на приликите велат дека Франција ќе им одаде почит на настраданите кога конечно ќе се запре бројчаникот на смртта од корона.

Некои, како Сабрина Селами, претседателка на едно од здруженијата на настраданите, која ги загубила и братот и таткото, бара извинување од владата за сите грешки кои ги направиле до сега во справувањето со пандемијата, како што тоа го направил британскиот премиер Џонсон.

Црниот биланс во Франција и понатаму не е потсмирен. Дневно умираат по неколку стотици луѓе, а новиот бран уште не го достигнал врвот.

До сега осум земји во светот ја надминаа бројката од сто илјади починати. На прво место се Соединетите Американски Држави со 564.000, а следат Бразил (358.000), Мексико (210.000), Индија (172.000), Велика Британија (127.000), Италија (115.000), Русија (102.000) и Франција (100.000).

Во светот до сега од корона вирусот починаа околу три милиони луѓе. Поточно, според податоците од вчера, 2.988.133 лица.

ковид корона пандемија Парис Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.