Фросина Ременски влегува во трката за претседател на СДСМ

LinkSense.mk

Фросина Ременски поранешната потпретседателка на партијата, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.

„Очекувам во следниот период согласно Роковникот и надлежностите на Централната изборна комисија на СДСМ да се утврдат кандидатите со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, симпатизерите и активистите на СДСМ.

„На оваа одлука се одлучив имајќи го предвид целокупниот мој досегашен општествено-политички и партиски активизам во денови и во време кога СДСМ беше соочен со тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се боревме да го задржиме единството во партијата, рече Ременски.

Ременски изјави дека очекува поддршка од жените во партијата и од сите членови, познавајки го нејзиниот карактер.

На 12-ти декември партијата ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.

Според статутот на СДСМ за претседател може да се кандидра секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.

Во петок истекува рокот за поднесување кандидатури .