Хаг отвора истрага за воени злосторства во Украина

LinkSense.mk

Меѓународниот кривичен суд во Хаг ќе отвори истрага за руската инвазија на Украина „што е можно побрзо“, изјави денеска обвинителот Карим Кан.

По прелиминарното испитување на ситуацијата, Кан рече дека потврдил дека постои разумна основа да се „верува дека и наводните воени злосторства и злосторства против човештвото се извршени во Украина“.

Тој додаде дека истрагата ќе ги опфати наводните злосторства од 2014 година, кога Украина ја призна јурисдикцијата на тој суд на Обединетите нации.