Хакиран Твитер профилот на Сони, објава за „смртта“ на Бритни Спирс

Твитер профилот на издавачката куќа „Сони Мјузик“ (Sony Music) е хакиран, а хакерите на него поставиле лажни вести, меѓу другото и дека умре бритни Спирс.

Портпаролот на Сони наведе дека социјалните мрежи се „нападнати, но дека тоа брзо е поправено“.

„Сони мјузик“ и се извини на Бритни Спирс и на нејзините обожаватели поради лажната објава.

Од Сони одбиваат да дадат други какви било информации, а менаџерот на Бритни Спирс вели дека таа се чувствува добро.

sony-tviter-2

Медиумите пренесуваат дека се објавени неколку лажни „твитови“, меѓу кои се и „RIP @britneyspears“ и „#RIPBritney 1981-2016“.

Овие „твитови“ брзо се отстранети, а одговорноста ја превзеде хакерската група „OurMine“.

Наводно, хакиран е и твитер профилот на Боб Дилан, затоа што и таму пишувало „RIP@britneyspears“.

Сони беше хакиран и во ноември 2014 година.

ФБИ тогаш заклучи дека за ова е одговорна Северна Кореја, затоа што хакерскиот напад се случи еден месец пред да биде објавена филмската комедија „Интервју“, за двајца новинари кои ги регрутирала ЦИА за да го убијат севернокејскиот водач Ким Ун.

interview-poster