Хамилтон победи во Абу Даби и ја освои титулата

Светскиот првак Луис Хамилтон, возачот на „Мерцедес“, ја потврди доминацијата во Формула 1 со исклучително возење на патеката во Абу Даби, кое му донесе триумф на последната трка од овогодинешниот шампионат. Британецот кој претходно ја освои шестата титула покрај победата и пол-позицијата го извозе и најрзиот круг на трката.

„Многу сум горд заради победата на крајот на сезоната но морам да се заблагодарам на екипата која направи неверојатен болид. И благодарам на публиката која сето време ме бодреше во Абу Даби, но и на сите други патеки“, рече Хамилтон кому ова му е 84 победа во кариерата и сега има само седум триумфи помалку од легендарниот Михаел Шумахер.

Второто место го освои Макс Ферштапен (Ред Бул) пред Шарл Леклер (Ферари), кој во последиот круг еше под голем притисок од Валери Ботас.

Сепак, техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, ја извести дирекцијата на трката дека примерокот од горивото од болидот што го возеше Леклер е „значително поиаков од оној што ‘Ферари’ го наведе во декларацијата“, заради што ќе биде спроведена истрага.

Шампионатот на светот на Формула 1 следата година ќе има 22 трки, најмогу во досегашната историја. Првата е на 15 март 2020 година во Мелурн за Големата награда на Австралија. Од каледарот отпада Големата награда на Германија, но во најбрзиот циркус на светот, после 35 години се враќа Големата награда на Холандија која на патеката во Зандворт се вози на 3 мај. Новата патека во Ханоја ќе биде домаќин на првата Голема награда на Виетнам на 5 април.

Шампионатот завршува на 29 ноември 2020 година во Абу Даби.

Казна за „Ферари“

Шарл Леклер останува трет, но „Ферари“ е казнет со 50.000 евра, одлучија надлежните после трката во Абу Даби. Причина е несогласувањето на податоците за количината на горивото во болидот кој го пријави „Ферари“ непосредно пред одржувањето на трката и количиата која ја измерија претставниците на ФИА.

Тие поради 4,88 килограми разлика одредија релативно висока казна од 50.000 евра, но му го „оставија“ освоеото трето место на Леклер, затоа што, според нивата оценка, тоа е било причиа тој да биде во предност.

Возачи:

1. Хамилтон 413

2. Ботас 326

3. Ферстапен 278

4. Леклер 264

5. Фетел 240

6. Гасли 95

Екипи:

1. „Мерцедес“ 739

2. „Ферари“ 504

3. „Ред Бул“ 417

4. „Мекларен“ 145

5. „Рено“ 91

6. „Торо Росо“ 85