Хит – Данска диета: Трае само 13 дена, а се симнуваат дури 13 килограми

LinkSense.mk

Слабеењето никогаш не било полесно, барем така велат Данците.

Експертите велат дека леснотијата со која се дебелееме е обратно пропорционална на напорот кој го вложуваме за да се ослободиме од вишокот килограми. Затоа Данците не биле мрзливи, па ја смислиле најдобрата формула.

Навистина, таа е прилично рестриктивна, но дава извонредни резултати.

Овој режим на исхрана се базира на намаленото внесување на калории, менито е поделено на три оброци, а меѓу нив нема никакви ужини ни грицкање. Така што, кога ќе почуствувате глад, можете да пиете само вода. За среќа, оваа диета трае само 13 дена, па вашите „маки“ ќе бидат многу брзо завршени, а резултатите ќе бидат видливи. Се разбира, условот е во ниту еден момент да не скршнете од зацртаниот пат. Запаметете, данската диета е строга диета.

Како изгледа менито?

1. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед 

Ручек: 2 тврдо варени јајца, 400 гр. барен спанаќ, 1 домат

Вечера: 200 гр. печено посно месо (јунешко, јагнешко, мисиркино…), зелена салата зачинета со маслиново масло и лимунов сок

 

2. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед

Ручек: 250 гр. шунка, 1 чаша јогурт

Вечера: 200 гр. бифтек, зелена салата зачинета со маслиново масло и лимунов сок

 

3. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед, 1 парче тост

Ручек: 2 тврдо варени јајца, 1 парче пршута, зелена салата

Вечера: 1 варен целер, 1 домат, 1 овошје (јаболко, крушка, портокал…)

 

4. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед, 1 парче тост

Ручек: 200 мл. цеден овошен сок, 1 чаша јогурт

Вечера: 1 тврдо варено јајце, 1 рендана шаргарепа

 

5. ден

Појадок: 1 чаша незасладена лимонада, 1 голем изрендан морков

Ручек: 200 гр. варена или печена риба зачинета со лимунов сок

Вечера: 200 гр. јунешко месо динстано на путер со 1 корен целер

6. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед, 1 парче тост

Ручек: 2 тврдо варени јајца, 1 рендан морков

Вечера: 1/2 печени пилешки гради без кожа, зелена салата зачинета со маслиново масло и лимунов сок

7. ден

Појадок: назасладен чај по избор (количина по желба)

Ручек: вода (количина по желба)

Вечера: 200 гр. јагнешки котлети печени на скара, 1 јаболко

8. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед

Ручек: 2 тврдо варени јајца, 400 гр. барен спанаќ, 1 домат

Вечера: 200 гр. печено посно месо (јунешко, јагнешко, мисиркино…), зелена салата зачинета со маслиново масло и лимунов сок

9. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед

Ручек: 250 гр. шунка, 1 чаша јогурт

Вечера: 200 гр. бифтек, зелена салата зачинета со маслиново масло и лимунов сок

10. ден

Појадок: кафе, коцка шеќер или 1 лажичка мед, 1 парче тост

Ручек: 2 тврдо варени јајца, 100 гр. пршута, зелена салата

Вечера: 1 тврдо варено јајце, 1 домат, 1 овошје

11. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед, 1 парче тост

Ручек: 200 мл. свежо цеден овошен сок, 1 чаша јогурт

Вечера: 1 тврдо варено јајце, 1 рендан морков, 250 гр. одмрзнато зрнесто овошје

12. ден

Појадок: 1 чаша незасладена лимонада, 1 голем изрендан морков

Ручек: 200 гр варена или печена риба зачинета со лимунов сок

Вечера: 200 гр говедско месо динстано на путер со 1 корен целер

13. ден

Појадок: кафе, 1 коцка шеќер или 1 лажичка мед, 1 парче тост

Ручек: 2 тврдо варени јајца, 1 рендан морков

Вечера: 1/2 печени пилешки гради без кожа, зелена салата зачинета со маслиново масло и лимунов сок

Што јадеме после 13 ден?

Со оглед на тоа дека е многу нискокалорична, многу е важно да знаете дека никако не се препорачува оваа диета да ја држите подолго од предвидените 13 дена. Ако сакате да ослабите повеќе од 11 килограми, после Данската диета можете да пробате некој друг, помалку екстремен диетален режим кој во умерени количини ги содржи сите намирници кои оваа диета ги забранува.. меѓутоа, ако сте ја оствариле саканата линија и имате намера да ја задржите, после 13 ден полека воведете храна која сте ја конзумирале претходно, само во „поздрав“ облик.

На пример, ако сте навикнале на пржено месо, користете маслиново масло место сончогледово. Одбегнувајте поховано, мрсно, тесто и бело брашно. Слатки работи не се препорачуваат, но ако не можете да им одолеете, тогаш потрудете се после секој колач да направите неколку склекови или некоја потешка вежба. Во суштина, се е до умереноста.

Многу лица кои ја „издржале“ Данската диета ги поделиле своите искуства на бројни форуми и секоја како прв услов за успех ја навела апсолутната подготвеност и желбата да ја остварат зацртаната цел. Така наидовме на различно совети – некои ги броеле и ги прецртувале деновите во календарот, некои оделе во долги прошетки во моментите на криза, а има и такви кои ја тргнале од фрижидерот сета храна која би можела да ги натера да ги „прекршат“ правилата на диетата.

Сепак, заклучокот до кој сите дошле е дека 13 дена без омилената храна е навистина мала цена за да се добие тело какво што од секогаш сте сакале.

Можат ли да се очекуваат последици?

На сајтот „GoodToKnow“ се наведува дека можните последици опфаќаат: грчеви во мускулите, вртоглавица, па дури и конфузија. Ако се појави кој било од овие симптоми, задолжителна препорака е да појдете на лекар. Од сето што е наведено, конфузијата е најдраматична, а може да настане со драматично паѓање на шеќерот.

Во случај вашиот организам да ја одбива оваа диета, подобро е да се откажете и да го одложите овој „диетски терор“ за некој друг пат.