Хороскоп: Бик – ова може да биде ваш ден, Вагите се чувствуваат блокирани, Рибите нетрпеливи…

LinkSense.mk

Дознајте што предвидува вашиот дневен хороскоп за понеделник 12 декември, што ве очекува на работа, во љубовта, дали ќе се разберете со семејството, како ќе ве служи здравјето…

Овен

Вие не сте личност која сака големи промени. Според тоа, не уживате ниту во излегувањето. Ако копнеете да излезете од куќата, тоа е затоа што некој внатре во неа не ви годи. Затоа, не бегајте од семејството, туку обидете се да ги подобрите семејните односи.

Бик

Ова може да биде ваш ден. Успешни сте, ве носи позитивна енергија, така што некои други работи се решаваат сами од себе. Во налет на еуфорија, заборавате на оние луѓе кои ве бодреле кога ви било најтешко. Денес бидете поприземни.

Близнаци

Склони сте да преувеличувате. Фокусирани сте на нешто што е сосема неважно. На удар е вашиот партнер, кому се обидувате да му ја демонстрирате својата моќ. Вашата недопирливост не е бескрајна. Ако не застанете на време, ви следи вистинско фијаско.

Рак

Одите со главата низ ѕидот. Уморни сте од чекање и тапкање во место. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите замрсени работи и недоумици кои ве мачат извесно време. Не бидете брзоплети. Грешките кои би ги направиле денес може да бидат непоправливи.

Лав

Се потпирате на ветувањата што ви ги дале вашите пријатели. Чекањето за исполнување може да ве доведе во позиција да се правдате пред други луѓе, иако застојот не е кај вас. За да го избегнете ова, своите обврски завршете ги сами.

Девица

Се преиспитувате дали патот по кој одите е тој – вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради незадоволство од работата, туку поради многу покомплицирани причини кои не сте во состојба сами да ги согледате. Не барајте причини во другите, преиспитајте се.

Вага

Се чувствувате како да сте блокирани, како да се спречени сите ваши обиди на дипломатски начин да решите нешто. Избегнувајте конфликти со авторитети и поддршка побарајте кај помладите колеги кои во овој период се наклонети кон вас.

Шкорпија

Не ве држи место, а работа имате премногу. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети. Одложете се што може да почека поповолен момент.

Стрелец

Уживате во благонаклонетоста на влијателни луѓе.Сепак, не се опуштајте премногу, бидејќи во прашање се луѓе кои од вас, за возврат, очекуваат безгранична лојалност. Може да ви се случи некој од нив да ве принуди на потези кои можат да ве искомпромитираат.

Јарец

Безопасна ситуација со партнерот се заканува да се претвори во сериозна расправија. Вашите очекувања и она што го добивате не се во склад. Пред да ги искомплицирате односите, размислете уште еднаш дали проблемот е доволно голем за да направите драма од него.

Водолија

Тежнеете кон слобода, подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Дисциплинирано и на време завршете се што се очекува од вас, на тој начин избегнувајте напнати аспекти кои можат да ви го расипат расположението и да ви ги уништат денешните планови.

Риби

Принудени сте да чувате туѓи тајни, а тоа тешко ви паѓа. Свесни сте дека решението за нечиј проблем е едноставно, но не сте во позиција да се мешате. Останете трпеливи, бидејќи, дури и кога би сте проговориле, никој не би ве сфатил сериозно.