Хороскоп за петок, 20 април: Шкорпиите мислат дека никој не ги разбира, Лавовите ги мачи минатото

LinkSense.mk

Овен

Одите преку своите можности. Заморот, кој вече подолго време ве мачи, го зема својот данок. За секојдневните работи потребен ви е повеќе труд од вообичаено. Поради недостаток на сон ви паѓа и концентрацијата и ако тоа не го решите, ви следи сериозен пад на енергијата.

Бик

Добивате нови задолженија. Со оглед на тоа дека во прашање е област во која вие не сте се пробале за вас тоа ќе биде голем предизвик. Ќе си докажете на себе, а ќе им докажете и на другите колку ви се големи способностите. Само многу не се залетувајте, не сте безгрешен.

Близнаци

Обврските ви трпат затоа што не сте сконцентриранни. Со мислите сте далеку затоа што однапред планирате активности чија реализација е уште далеку. За да направите нешто конкретно, морате темелно да подготвите терен, а тоа не се прави со мечтаење.

Рак

Партнерот ве провоцира и ве става на искушение, заради што во афект ви излетува нешто што не сте сакале да го премолчите. Се може да кулминира од одлуката од која сте загрижени. Се наоѓате во незавидна ситуација.

Лав

Ве мачи минатото и добар дел од денот минувате во преиспитување на тоа што сте можеле поинаку да решите. Свртете се кон блиските и послушајте што тие имаат да ви кажат. Зголемената физичка активност, особено пливањето или престојот покрај вода, може да ве закрепне.

Девица

Пред вас се сериозни задачи. Имате финансиски проблеми за кои морате да пронајдете решение. Не наидувате на разбирање ни во кругот на семејството, и тоа дополнително ве измачува. Кога добро ќе се одморите, ќе се појави и решението кое вие сега не го гледате.

Вага

Дисциплинирано давате се од себе да ги завршите обврските кои, неспретно, ги превзедовте. Резултатите се неизвесни, но не ве напушта оптимизмот и чувството дека нешто добро ќе се изроди од се што превзедовте. Чувајте се од повреди.

Шкорпија

Имате чувство дека никој не ве разбира. Тешко е да се зборува за такви работи кога вие за себе немате високо мислење. Својата длабока несигурност ја криете зад маската на незаинтересирано однесување што, секако, ги одбива дури и оние луѓе кои ве разбираат и сакаат.

Стрелец

Во позиција сте да вршите две одвоени но подеднакво важни работи. Вам тоа ви оди добро, но денеска не толку. На време направете мал одмор за да не ви се поткрадне грешка која подоцна тешко би ја исправиле.

Јарец

Непланираните трошоци ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте ангажирани до изнемоштеност. Не можете финансиски да составите крај со крај. Не е проблемот во малиот прилив на пари туку во вашето претходно трошење.

Водолија

Нешто што сте држеле во тајност денес може да ја види светлоста на денот. Без оглед на тоа што внимателно го подготвувавте секој детал, токму сега ќе откриете низ грешки поради кои целиот ваш план ќе дојде под знак прашање. Бидете без грижи, успехот е извесен.

Риби

Не прифаќајте нови обврски. Најдобро е денот да го минете во минимални деловни активности. Наскоро ве очекува поголем прилив на пари кој, во поголемиот дел, може да ги реши вашите финансиски проблеми, за кои немате долго време решение.