Хороскоп за понеделник, 16 април: Рак во магичен круг, Стрелец наклонет кон љубовна авантура

LinkSense.mk

Овен

Неискреноста во вашето опкружување станува неподнослива. Не ја истурајте вината на други луѓе затоа што тие ве лажат само толку колку што вие сакате да бидете измамени. Размислете, можеби со своите ставови некого сте приморале на таков потег.

Бик

Можете да влетата во судир и проблеми со соработниците. Вашата кариера би можела да тргне по надолна линија ако дополнително не се ангажирате и превземете порешителни чекори. Не ги продлабочувајте непријателствата со луѓето од кои зависите.

Близнаци

Ве очекува стрмоглав пад на енергијата. Напнатоста може да предизвика отворени судири со лица кои ви се пријатели. Посесивното однесување на саканото лице дополнително ги отежнува сите ваши обиди да ги поправите работите и да ја сочувате врската.

Рак

Вплеткани сте во извесен магичен круг. Решението ви се наоѓа пред вас, но вие упорно се држите до стара приказна која ја оправдува сета блокада во која сте се нашле. Одговорноста ја префрлате на блиските, заборавајќи дека вие сте креатор на својата среќа, а не тие.

Лав

Се ближи моментот на реализација на некои проекти, како и прилика за потпишување на нов договор. Сепак, сочувајте го трпението и одложете ги завршните потези, затоа што иако се оди според планот, се уште не се остварени сите предуслови да ставите точка на се. Избегнувајте „пократок пат“.

Девица

Проблемот за кој денеска дознавте многу нешта ќе промени. Решението е во вашите раце. Но, се ќе биде во ред ако превземете иницијатива, ако ја победите својата суета и ако конечно ги поставите работите на своето место. Додека се не дотерате до совршенство, ќе ви годи повеќе рекреација.

Вага

На вашиот партнер му смета монотонијата во која се најдовте. Иако сте расположени за друштво, не сте доволно подготвени за гужва и еден куп непознати луѓе. Ако направите компромис ве очекува романтична вечер со полно нежност која, повеќе од се, ви недостасува во моментов.

Скорпија

Ве вклучуваат во сите случувања кои се околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на се е резултат на вашето претходно внесување во туѓи проблеми. Инаку тоа не ви смета, но сега се уморни. Не лутете се, размислете колкава е вашата одговорност во сето тоа.

Стрелец

Полни сте со самодоверба, па со радост се подготвувате за вечерашна забава. Наклонетоста кон љубовни авантури може да ве заплетка во врска од која тешко ќе се извлечете. Ако сакате да избегнете скандали, совладајте се себе си и не подлегнувајте на искушение.

Јарец

Правите пресметка што сте направиле во изминатиот период, а резултатите ве прават горди. Уште сето тоа да го споделите со деловните соработници и со семејството и вашата среќа ќе биде комплетна. Не барајте аплауз или каква било награда затоа што тоа само ќе ви го расипе чувството за задоволство.

Водолија

Ќе добиете повик активно да се вклучите во проекти кои се развиваат во вашето работно опкружување. Од вас се очекува да бидете поттикнувач на нов вид на работење, а вие од некоја причина сметате дека тоа не е воопшто добро за вас. Послушајте ја својата интуиција, повлечете се.

Риби

Не можете секоја правда да ја истерате на видело. Прифатете ги туѓите аргументи и во нив пронајдете причина за простување затоа што се не се решава на суд. Бидете внимателни во сообраќајот, посебно ако тргнувате на долг пат. Не се опуштајте премногу.