Хороскоп за сабота, 21 април: Биковите од готово прават вересија, Раковите чуваат туѓи тајни

LinkSense.mk

Овен

Уживате во наклонетоста на некои влијателни лица. Сепак, не се опуштајте премногу, затоа што во прашање се луѓе кои од вас, за возврат, очекуваат безгранична лојалност. Може да се случи некој од нив да ве примора да превземете работи со кои себе си ќе се искомпромитирате.

Бик

Една наизглед наивна ситуација со партнерот ви се заканува да се претвори во сериозен судир. Вашите очекувања и она што го добивате од него не кореспондираат. Пред да ги закомплицирате односите, размислете уште еднаш дали е проблемот доволно голем за од него да направите драма.

Близнаци

Тежнеете кон слобода, но подобро е да се воздржите, затоа што не е поволен период за бунтување. Дисциплинирано и на време завршете го се она што се очекува од вас и на тој начин ќе ги избегнете напнатите аспекти кои можат да ви го расипат расположението и да ви ги упропасти денешните планови.

Рак

Присилени сте да чувате туѓи тајни, а тоа тешко ви паѓа. Свесни сте дека решението на нечиј проблем е едноставно, но не сте во позиција да се мешате. Останете стрпливи, затоа што дури и кога би сте проговориле, никој не би ве сфатил сериозно.

Лав

Вие не сте лице кое сака големи промени. Во скла со тоа, не уживате ниту во излегувањата. Ако сакате да излезете од дома, тоа е поради фактот дека некој од таму не ви годи. Совет, не бегајте од домашните туку потрудете се да ги поправите семејните односи.

Девица

Ова може да биде ваш ден. Успешни сте, позитивната енергија едноставно ве носи, така што и некои други работи се решаваат сами од себе. Во налетот на еуфорија заборавате на оние луѓе кои ве бодреле кога ви било најтешко. Бидете приземјени.

Вага

Сакате да ги преувеличувате работите. Насочени сте на нешто што е потполно неважно. На ударот е партнерот, кому сакате да му ја демонстрирате својата моќ. Вашата недопирливост не е бескрајна. Ако не се запрете на време, следува вистинско фијаско.

Шкорпија

Одите со главата низ ѕид. Доста ви е чекање и тапкање во место. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите заврзлами и дилеми кои ве мачат некое време. Не бидете брзоплет, затоа што грешките кои денеска би ги направиле можат да бидат непоправливи.

Стрелец

Се потпирате на ветувања кои ви ги дале пријателите. Чекањето на исполнување може да ве доведе во позиција да им се правдате на луѓе, иако застојот не настанал поради вас. За да ја избегнете оваа ситуација, обврските завршете си ги лично и без ничија помош.

Јарец

Се преиспрашувате во себе дали патот по чекорите е токму тој вистинскиот. Потребата за промени не доаѓа од незадоволството од работата туку поради многу компликуваните причини кои не сте во состојба сами да ги согледате. Не барајте причини во други. Преиспитајте се себе си.

Водолија

Се чувствувате како да сте блокирани, како сите ваши обиди на дипломатски начин, со добро, да ги решите, да ви се оневозможени. Одбегнувајте конфликти со авторитети и поддршка побарајте од помладите соработници, кои во овој момент се на ваша страна.

Риби

Не ве држи место. Работа имате преку глава. Не сте способни да одговорите на сите обврски, што може да ви предизвика пад на енергијата и колапс. Прераспоредете ги своите капацитети и одложете се што може да се одложи. Почекајте го вистинскиот момент.