Хороскоп за четврток, 19 април: Близнаците премногу зборуваат, Вагите се нервозни

LinkSense.mk

Овен

Ве нервира мешањето на еден член од семејство во вашите одлуки. Објаснувајќи ги своите одлични идеи, амбициозно започнувате разговор кој потоа се завршува катастрофално. Вашите вербални вештини денес не се на завидно ниво, повлечете се.

Бик

Вашиот мир зависи од волјата на другите. Тоа не е добро затоа што тоа ве фрустрира. Ослободете се од овој образец и превземете ја одговорноста за сопствената состојба. Менувајте се себе, тоа е единствениот начин да ја смените и другата страна, особено ако се работи за саканото лице.

Близнаци

Преполни сте со идеи кои ги делите со тие околу вас. Иако сте сакани меѓу оние што ве опкружуваат, станувате напорни за слушање. Брзината со која се изразувате ве прави како да сте површен. Затоа советот за денеска е помалку да зборувате, а повеќе да работите.

Рак

Ви претстојат пријатни деловни разговори. Иако во тајност повлековте некои потези, вашиот труд и залагањето на работното место нема да поминат незабележано. Од друга страна, малото затегнување на односите со саканото лице е минливо и затоа не се грижете многу за тоа.

Лав

Додека вие се занимавате со неважни проблеми ви поминуваат крупни работи. Фокусирани сте на озборувања на работното место од што не можете да го видите крупниот план. Ова што денеска ви се случува не е воопшто важно колку што е она што треба да дојде. Чувајте ја силата за деновите што претстојат.

Девица

Никако да стасате до целта која, пред извесно време, си ја поставивте. Состојбата неочекувано се менува, се укажува на тоа дека неповолни вести ќе ги одложат долго подготвуваните планови. Не ја губете надежта, наскоро стигнува уште полоша понуда.

Вага

Расположени сте и друштвени, но и премногу нервозни. Потрудете се да пронајдете рамнотежа во контактот со други луѓе затоа што тие не можат да видат дека зад привидната смиреност се крие исклучителна напнатост која ве тера да сторите нешто заради што подоцна многу ќе се покаете.

Шкорпија

Можеби не сте најдобро расположен за дружење и гужва, но морате да се подготвите за неповикани гости, а некои од нив стигнуваат од далеку. Вашето мрзоволие може за миг да исчезне кога ќе ве зафати добрата енергија на вашите пријатели кои не ве заборавиле.

Стрелец

Разни околности ќе ве доведат на место каде што вашиот став ќе дојде до израз. Во прилика сте со кус совет да решите голема збрка, но не сте сигурни дали треба да влегувате во ситуација на „олеснувач“. Повеќе верувајте во себе. Нема причина од големи и длабоки анализи.

Јарец

Покренете акција и искористете ја својата вродена дипломатска активност. Само вие можете да го отплеткате „чворот“ кој се направил во вашата работна средина. Бидете решителни, затоа што само на таков начин ќе ги постигнете своите цели, а тие во овој момент не се толку мали.

Водолија

Денот не е поволен за почнување на нови работи затоа што следат неочекувани пресврти и изненадувања. Не се впуштајте ниту во дискусии и расправи затоа што тие се закануваат да прераснат во жестока расправија од која вие можете да го извлечете подебелиот крај. Мирот побарајте го во добар филм или добра книга.

Риби

Чекате промени кои се повеќе се доближуваат. И како што тоа обично е, минутите стануваат часови, а часовите години. Нестрпливоста ве вади од колосек и жестоко ве вознемирува. Неопходно е да пронајдете излез од тоа, да најдете начин за да се релаксирате. Ѕвездите ви советуваат попладнето да го поминете со саканото лице или со пријатели.