Хороскоп за 15 мај 2017

ОВЕН

Секогаш зборувате за промени, па тоа станува напорно за вашето опкружување, особено за соработниците. Своите стравови најмногу ги проектирате на женскиот дел од популацијата. Со непромислена изјава можете да предизвикате жесток судир, иако верувате дека сте добронамерни.

БИК

Ако успеете денот да го почнете без закаснување и одлагање, можат да ви се отворат интересни можности, посебно ако вашата работа е поврзана со странство. Не вовлекувајте ги пријателите во своите предизвици, решавајте ги своите проблеми сами.

БЛИЗНАЦИ

Повторно се враќаат тегобите кои во минатото прилично ве намачиле. Сочувајте го оптимизмот, беспотребно правите паника. Немате потреба да бегате во себе, промените на работа ќе ви влеат малку оптимизам. Внимавајте на исхраната, имунитетот не ви е на завидно ниво.

РАК

Ситуацијата на полето на финансиите се стабилизира. Можебн е прилив на пари кои не сте го очекувале. Ако донесувате некоја важна одлука, денот е поволен за тоа. Сепак, избегнувајте почнување на некој голем проект затоа што можете да ги прецените своите капацитети.

ЛАВ

Лажното чувство на среќа и задоволство може да ве наведе денес да потрошите повеќе отколку што сте во позиција да заработите. Не го потиснувајте својот оптимизам во неконтролирано трошење. Поминете повеќе време во дружба со пријателите.

ДЕВИЦА

Потребно е да се станете посериозни и да ја завршите работата на најдобар можен начин. Не е лошо тоа што умеете да се опуштите, но таков однос кон обврските може подоцна да предизвика негативни последици за чија поправка може да биде доцна.

ВАГА

Имате прилика да отпатувате, но не далеку од местото од кое живеете. Низ разговори во кои вие ќе го водите главниот збор ќе завршат со успешно завршена работа која во во догледно време значително ќе ви ги подобри финансиите.

ШКОРПИЈА

Оптеретеноста со работата може да прерасне во опсесивна борба со ветерници. Вашата упорност е доблест, но некогаш е попаметно да запрете. Им замерувате на луѓето што мечтаат, а не земате во предвид дека ни вие не сте некој рационален тип, и вашите одлуки се често ирационални.

СТРЕЛЕЦ

Денес се можни неочекувани семејни недоразбирања и тоа најверојатно поради финансии. Бидете стрпливи и не влегувајте во расправи затоа што решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. Во текот на попладнето стигнува вест за прилив на пари на кои никој не сметал.

ЈАРЕЦ

Ви сем отвара шанса да почнете нешто ново што повеќекратно ќе ви се исплати. Бидете брзи затоа што целата работа би можеле да ја испуштите, особено ако во тоа не вплеткате уште некој. Не ги мешајте интересот и пријателството за да не останете разочарани.

ВОДОЛИЈА

Ја зголемувате својата улога во се. Свесни сте за своите квалитети па моментниот занес ве наведува да поверувате дека сте безгрешен. Освен тоа, нагласено сте романтични па ова е уште еден ден во кој, можеби, вашиот партнер најмногу ќе ужива во се.

РИБИ

За секој денар морате добро да се измачите. Потпрете се само на своите способности, само на тој начин ќе остварите задоволителен успех. Сите пари кои ќе ви стасаат на некој брз и лесен начин, така и ќе заминат.