Хрватски танкер го блокираше Босфор

Сообраќајот низ Босфор во Истанбул денес беше запрен заради танкер кој ја загуби контролата, јави турската телевизија „НТВ“.

Според наводите во прилогот, танкерот „Рава“, којшто превезувал нафта, од сеуште непознати причини ја напуштил рутата на движење и почнал да свртува кон брегот во близина на квартот Јеникој зарад дефект на управувачот, а го запреле на околу 300 метри од брегот пловила на крајбрежната стража кои по повикот за помош за мошне кусо време стигнале на лице место.

Танкерот што пловеше под хрватско знаме го блокираше сообраќајот на Босфор во двата правци.

„Рава“ се движел на релација Новоросијск – Картагена, пишува хрватскиот „Јутарњи лист“.