Црна Гора чекори сигурно кон ЕУ

Црна Гора отвори вчера две нови поглавја во преговорите со Европската унија, а станува збор за поглавјата 11 за земјоделство и рурален развој и 19 за социјална политика и вработување.

Одлуката е донесена во Брисел на Меѓународната конференција ЕУ-Црна Гора, со согласност на сите 28 членки на Унијата.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан го пофали континуираниот напредок на резултатите кои Црна Гора ги остварила во преговарачкиот процес.

Хан го истакнал значењето на отворените поглавја за понатамошен економски раст и унапредување на квалитетот на животот на црногорските граѓани.

Европската комисија веќе имаше донесено оценка дека Црна Гора постигнала добар ниво на усогласеност и административни капацитети за отворање на преговори во овие области.

Црна Гора досега отворила 24 од вкупно 35 поглавја, а два се времено затворени.

Преговорите со ЕУ Црна Гора ги почна во јуни 2012 година.