ЦУК со укажување за превентивни мерки заради најавите за невреме

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати укажување и апел за превентивни мерки заради најавите за невреме и поројни врнежи, силен ветер, грмежи и електрични празнења во наредниот неколкудневен период.

Заради најавите за невреме и поројни врнежи Центарот за управување за кризи (ЦУК), преку своите регионални центри, испрати укажување за потреба од преземање превентивни мерки до градочалниците и лицата за контакт во сите региони во државата, коишто при вакви случувања, повратно, го известат регионалниот центар односно ЦУК, за можните настани поврзани со настанато невреме и порои во рамки на заедничко информирање и координирање и регионално и во државата, стои во објавата на фејсбук страницата на ЦУК.

Покрај потребата за превенција заради најавеното невреме со поројни дождови и ветар, до субјектите од Системот за управување со кризи, ЦУК апелира и за лично граѓанско превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони.

„Конкретно, покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не се движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, наведува ЦУК.

Упатува на прогнозат на УХМР за попладнево и најавенотопроменливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, над 70 километри на час и услови за појава на град.