Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Четири години пишувала пораки на починатиот татко, па стигнал одговор „од другата страна“
Автор

Четири години пишувала пораки на починатиот татко, па стигнал одговор „од другата страна“

октомври 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дваесет и тригодишната Честити Петерсон четири години откако починал човекот што се грижел за неа испраќала пораки на неговиот број. А, тогаш добила одговор од човек кој си ја загубил ќерката во сообраќајна несреќа.

„Тато, тоа сум јас! Утре пак ќе имам тежок ден“, напишала Честити во СМС пораката која ја испратила на бројот што го користел нејзиниот татко, вечерта пред четвртата годишнина од неговата смрт.

Веќе четири години секојдневно му испраќала пораки со вести од својот живот, настојувајќи така да задржи некаква врска со нив. И овој пат во пораката напишала колку и било тешко во текот на четирите години колку што го нема, во текот на кои и покрај се добила битка против рак и успеала да заврши факултет, не очекувајќи ништо. А тогаш стигнал одговор!

„Здраво, душо! Јас не сум твојот татко, но ги добив сите твои пораки во текот на овие четири години. Се радувам на твоите утрински пораки и вечерните јавувања. Се викам Бред и ја загубив ќерката во сообраќајна несреќа во август 2014 година и твоите пораки ме одржаа во живот. Кога ќе ми испратиш порака, знам дека тоа е порака од Господ“, и одговорил Бред во својата порака.

„Жал ми е што си загубила некој толку близок. Ги читав твоите пораки и видов како растеш и минуваш низ проблеми кои многу луѓе ги немаат. Многу пати сакав да ти одговорам, но не сакав да ти го скршам срцето“, напишал Бред и ја пофалил Честити за тоа како напредува. Ја нарекол свој ангел, откако ја загубил сопствената ќерка во сообраќајна несреќа.

„Ти си прекрасна жена и сакав мојата ќерка да може да стане како тебе. Ти благодарам за секојдневните пораки, ме потсети на тоа дека има Господ и дека не е негова грешка тоа што моето мало девојче повеќе го нема. Ми те подари тебе, мој мал ангелу. Знаев дека ќе дојде овој ден. Се ќе биде во ред, само уживај во секој ден и зрачи на нас со светлоста што Господ ти ја дал. Жал ми е што мораш да поминеш низ ова, ако тоа нешто ти значи, многу сум горд на тебе“, напиша, исто така, Бред во одговорот на девојката.

Длабоко погодена, Честити го сподели тој одговор на Фејсбук, каде што за кусо време го прочитаа повеќе од 265.000 луѓе.

Таа напиша: „Секој ден во изминатите четири години му пишувам пораки на својот татко, за да знае како сум. Денес добив знак дека се е во ред и дека можам да го оставам да почива во мир“.

Откако добила безброј пораки од луѓе кои оваа приказна ги „допрела до коска“, во уште еден пост објасни дека Џејсон Лигонс, кому му пишувала пораки, не бил нејзиниот биолошки татко, туку човек којшто се грижел за неа од времето кога била дете.

„Тој никогаш не пропушти ниту еден мој настап во училиштето, ниту една моја промоција и, о да, знаеше да ми одржи предавање за моето однесување. Ако добиев дозвола за излегување, морав да го запознаат момчето што ме придружува со него, па исто така ни одржуваше долго предавање“, вели Честити.

Додава дека плачела со него, се делела со него, и станала многу самостојна и самосвесна затоа што тој се потрудил да и покаже како изгледа среќата.

„Џејсон не беше мој вистински татко, но беше татковска фигура за многу деца во нашиот град“, напиша и додаде: „Ја споделив оваа порака заради своите пријатели и семејството, сакам да видат дека Господ постои. Можеби требаа четири години тоа да го сфатам, но се покажа во вистинскиот час“, пренесува „Дејли меил“.

(Фото: Честити Петерсон, Фејсбук)

мир порака смс татко
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.