Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

ноември 18, 2026

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
  • „Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“
  • Паѓа цената на нафтата
  • „Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер
  • Водата во Струга е забранета за пиење, измерена зголемена заматеност на повеќе места
  • Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците во Франција за да побараат повисоки плати
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шаленберг: Решението со Бугарија е близу, ЕУ да покаже геополитичка сила и да ги почне преговорите
Македонија

Шаленберг: Решението со Бугарија е близу, ЕУ да покаже геополитичка сила и да ги почне преговорите

мај 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Унија се наоѓа пред огромна геостратешка одлука. Најважниот инструмент против оваа војна на европско тло е перспективата на ЕУ и проширувањето. Тоа е геополитичка задача на ЕУ и никогаш досега не било толку важно да се реализира проширувањето. Затоа сметам дека што побрзо треба да се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во однос на прашањето со Бугарија, Шаленберг оцени дека решението е близу.

„Денеска сум во Скопје и навистина ме охрабрува што гледам дека се приближуваме кон решавање на проблемот. Сите делчиња од сложувалката се на масата и сега треба само уште да ги сложиме. И се надеваме дека уште пред почетокот на летото ќе дојде до тој почеток. Австрија сака да даде свој придонес и ќе биде солидарна со Северна Македонија во тие чекори пред преговорите, бидејќи тоа е геостратешка неопходност. Вие сте непосредни соседи на ЕУ, опкружени сте со земји членки на ЕУ. Сите земји кои досега не пристапиле, редно е да пристапат кон Унијата, нагласи Шаленберг.

Тој истакна дека преговорите траат со месеци, со години, но оти не може едната страна да попушти, а другата да добие.

„Тоа се некои мали нешта што треба уште да се решат меѓу Софија и Скопје. Но, сметаме дека не може едната страна да попушти, а другата да добие. Ние сметаме дека тука треба да има заеднички јазик. Да, ова се навистина чувствителни прашања. Јас доаѓам од Централна Европа каде што исто така се соочуваме со вакви проблеми, особено во почетокот на 2000 година. Меѓутоа, ЕУ е таа која што е рамката каде што треба да се дискутираат овие прашања и каде што треба да се рационализираат овие прашања. Тоа е всушност пристапот што ние го поддржуваме. Мислам дека и во разговорите со многу претставници ќе гледаме каде можеме ние да помогнеме во тие чекори, меѓутоа уште еднаш би сакал да нагласам дека двете влади, двете држави веќе ги имаат составните делови од сложувалката. Сега е време да се сложат истите, порача тој.

Шаленберг, кој вчера беше во посета на Софија, изјави дека не може да изнесе за што се разговарало со бугарските претставници, но нагласи оти е охрабрен.

– Можам да кажам дека сум охрабрен затоа што ситуацијата веќе изгледа поинаку и мислам дека веќе е напредната во споредба со минатото. Од моја страна знам дека говориме за фрустрации, за рокови, знам дека говориме за разочарувања, меѓутоа за Австрија тоа е геостратешка фиксна задача овој регион мора да биде дел од ЕУ, рече Шаленберг.

Шефот на австриската дипломатија потсети дека на овие држави им е ветена европска перспектива и оти зборот ќе се одржи.

„Знаеме дека поради војната во Украина е уште поважно сега да покаже ЕУ кредибилност и тоа за мене е многу битен аспект и јас навистина се надевам дека да има некои закани дека ќе се прекинат преговорите. Меѓутоа, сепак станува збор за взаемен интерес и дека треба да се стабилизира целиот регион и сето тоа ќе придонес кон тоа. Да, имаме две земји што веќе ги почнаа преговорите и две држави што треба да ги почнат, и тие две држави навистина треба веќе да создадат факти – Албанија и Северна Македонија треба да направат чекор напред и да почнат конечно со преговорите, подвлече тој.

Шаленберг рече дека ниту една држава досега не придонела толку за стабилноста во регион како што е Северна Македонија.

„Северна Македонија е пример за тоа како земја што треба да и пристапи на Европската Унија. Го сменивте името, дадовте голем придонес за стабилноста. Ова треба да биде тест и за ЕУ. Унијата треба да покаже дека постои геополитичка сила да направи соодветен чекор и дека треба да направи чекор кон нов процес. Не постои всушност политички вакуум, ние треба да придонесеме кон нов стабилен модел, или ние ќе испорачаме тука или ќе се соочиме со некои други држави коишто може ќе нанесат и нестабилност, додаде Шаленберг.

Министерот Османи од своја страна истакна дека Австрија е стратешки партнер заради конзистентноста и поддршката што ја дава на Западен Балкан и посебно за Северна Македонија и таа конзистентност се манифестира и во Брисел, во Скопје и Софија и затоа сме благодарни.

„Исклучително сме благодарни за охрабрувањето што Австрија и го дава на земјава. Да се има пријател како Австрија во непосредното соседство на Западен Балкан е исклучително важно. Зборувавме Северна Македонија како кредибилен партнер на ЕУ, земјава го усогласи своето законодавство 45 отсто со европското. Зборувавме за неопходноста од стратешко лидерство на ЕУ кон регионот, рече Османи.

Шефот на македонската дипломатија кажа дека Унијата сега треба да го покаже своето лидерство што го покажа во 2004 година.

Османи, исто така, потсети дека Австрија е прв инвеститор во земјата со над 50 поголеми австриски компании што се присутни овде, со што се отвораат и нови работни места во државава.

актуелно бугарија ЕУ решение шаленберг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

„Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер

ноември 18, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.