Шефицата на ММФ прогласена за виновна за финансиски малверзации

Францускиот суд ја прогласи шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард виновна за немарност во случај со арбитража додека била министерка за финансии на Франција.

Меѓутоа, судот одлучи Лагард да не биде казнета.

На лагард и е судено за спор кој во 2008 година го водел францускиот бизнисмен Бернар Тапи против една банка, во врска со продажба на компанијата „Адидас“ чиј сопственик бил од 1989 година.

Тапи во 2007 година продажбата на компанијата и ја довери на банка која потоа ја тужел дека во постапката за продажба му нанела штета.

Лагард, во тоа време министер за финансии, одобрила судскиот спор да се реши со арбитража и државата во 2008-ма, му исплатила на Тапи 400 милиони евра отштета.