Штипскиот градоначалник во посета на рудникот „Боров Дол“

„Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска оставри средба со директорот, Павло Кривинскиј и раководството на рудникот “Боров Дол“.Во соопштението од Општина Штип се вели дека во „Боров Дол“ се врши експлоатација и обработка на рудата, која што преку транспортна лента долга седум километри се пренесува до флотацијата на Бучим на понатамошна доработка, каде што се врши повторно дробење на рудата до гранулација од 250мм на 70мм руда и оди на флотација каде што се добива готов производ, бакарен концентрат.

„Рудникот се простира на територија на три општини и тоа Конче 57,13%, Штип 38,43% и Радовиш 4,44%. Со тоа што се простира и на територијата на Општина Штип, рудникот Боров Дол ќе придонесува за социоекономскиот развој на нашата општина., се вели во соопштението од Општина Штип.