Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ откри за која фудбалска репрезентација ќе навива во завршницата на Светското првенство во Русија.
„Помалку го следам Мундијалот откако испадна српската репрезентација, но сепак го следам.“
на прашање на новинарите кои му се фаворити, Ѓоковиќ даде интересен одговор.
„Јас навивам за Хрватска и се надевам дека тие ѓе го освојат шампионатот. Кој е прав фаворит – не знам. Светското првенство е непредвидливо натпреварување, испаднаа Германија и Бразил, репрезентации кои на минатото првенство играа во финалето.“







