Јанкуловска: ВМРО-ДПМНЕ никогаш формално не излезе со став за протестите на 27 април

Поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на денешното рочиште за настаните од 27-ми април во Собранието, негираше дека ВМРО-ДПМНЕ била организатор на настаните и додаде дека партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите.

Критичниот ден, како што рече, била во својата канцеларија во партиското седиште и притоа не се случувало ништо невообичаено.

– Дваесет и седми април остави траги кај сите нас. Јас во 17 часот си заминав од партијата, отидов дома и на телевизија видов што се случува во Собранието, додаде Јанкуловска.

На денешното судско рочиште за „Организаторите на  за 27-ми април“ повикани се 17 сведоци.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста