Јутјуб и Гугл тестираат нови опции

LinkSense.mk

Голем број на „анбоксинг“ Јутјуб видеа и нивната голема популарност, во Гугл гледаат како еден од начините за добра дополнителна заработка.

Одамна е познато дека меѓу најгледаните Јутјуб видео клипови спаѓаат „распакувањата“ на најразлични можни уреди и производи. Тоа, се разбира, го знаат и во Гугл, па веќе некое време размислуваат како повеќе да го материјализираат тој популарен тренд.

Во размислувањето за следните потези во тој правец, во фокусот им се, не само „отпакувањата“, туку и други снимки кои корисниците на најпопуларната видео платформа на светот ги прават за најразлични производи, како и бројни рецензии „за се и сешто“.

Во Гугл сметаат дека големиот број такви видеа и нивната голема популарност, го прават Јутјуб идеална платформа за продажба на производи.

Затоа, наводно, веќе почнаа да тестираат нова опција која на корисниците ќе им овозможи автоматски од Јутјуб страницата на која го гледале видеото да го пронајдат производот за којшто во видеото се зборувало.

Така, самиот Јутјуб на корисниците ќе им препорачува линкови во врска со производот, кои ќе ги одведат до е-продавницата, до сајтот на производителот или дури ќе им препорачува уште подобри и погледани снимки кои се однесуваат на ист производ.

Според штурите најави од Гугл, споменатите препораки ќе се појавуваат меѓу препорачаните видеа, а целта е на корисниците да им се овозможи што полесно и што побрзо да дојдат до што е можно повеќе информации за производите кои ги интересираат.

Иако за ова има релативно малку информации, со оглед на тоа дека тестирањето им е доверено на мала група луѓе, веќе се јавија првите критики во кои се шпекулира дека алгоритамот задолжен за препорачување на производи би можел да ги „преплавува“ корисниците со бројни најразлични „спам“ снимки, а не само со оние најквалитетните.

Агенцијата „Блумберг“ уште на крајот на минатата година информираше дека Гугл сака да се впушти во „светот за интернет продажба“ и да ги предупреди „јутјуберите“, од чии видеа остварува големи приходи, под своите видеа да не оставаат линкови кон, на пример, Амазон и иБеј, туку да, гледачите, директно ги упататна локацијата за купување, од што, се разбира, планира да оствари дополнителен приход.

Сепак, за сето ова сеуште нема многу официјални информации, освен дека новата опција за купување, Јутјуб прво ќе им ја понуди на корисниците во САД, па дури потоа во остатокот на светот.