Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026

Трамп очекува Рубио да остане државен секретар

ноември 9, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
  • Нови правила за боледување од 1 декември
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Љупчо Константинов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“
Култура

Љупчо Константинов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

август 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Композиторот Љупчо Константинов е годинашен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

Наградата на Константинов свечено ќе му биде врачена на 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија Игор Иванов – Изи.

„Станува збор за една исклучителна појава во македонската кинематографија, човек кој со посебна боја ги обои филмовите како „Среќна нова ’49“ и „Тетовирање“, филмови што македонската публика исклучително многу ги сакаше сите овие години. Тој има соработувано со Паоло Маѓели,Томаж Пандур, Мустафа Надаревиќ, Пенелопе Круз, Роберто Чули, Озрен Прохиќ, Бранко Гапо, Димитрие Османли, Столе
Попов, Антонио Митриќевски. Тој потпишува повеќе од 35 наслови на филмска музика“, рече Иванов.

Оваа награда востановена во 2013 година е замислена како признание за посебна контрибуција за македонскиот филм.

Досегашни добитници на наградата се Кирил Ценевски, големата легенда на македонскиот филм, Милчо Манчевски, Дарко Марковиќ, Сајмон Пери…

Минатата година наградата и беше доделена на Милица Стојанова.

Новинарите и прусутните гости имаа можност првпат да го видат и видео спотот изработен по повод јубилејот на фестивалот, чија авторка е режисерката Дина Дума.

Кинематографер е Наум Доксевски, со актерката Наташа Петровиќ и на кој работеше бројна екипа.

Годинашното мото на „Браќа Манаки“ е „Кажи им на облаците“ (Tell the clouds).

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е значаен не само заради тоа што го збогатува културниот живот на Битола, туку и дава додадена вредност на препознатливост во меѓународни рамки.

„Оваа година Општина Битола го поддржа фестивалот во делот на организација со 400 илјади денари, но и во делот на сместувачки капацитети за нашите гости во висина од околу 2 и пол милиони денари, што значи дека околу 3 милиони денари е финансиската поддршка на Општина Битола за годинашното издание на фестивалот „Браќа Манаки“, рече Петровска.

Општина Битола, како што рече, успеа да обезбеди средства од 8 милиони и 600 илјади денари од Министерството за култура за ентериерно уредување на киното „Манаки“ што било почнато во 2013 година.

Заедно со проектот кино „Култура“ успеавме да го организираме во прекуграничната соработка со Грција за да имаме практично затворање на една функционална целина.

Специјални гости на годинашното фестивалското издание во Битола ќе пристигнат и светски познатиот режисер Фатих Акин и кинематограферот Рајнер Клаусман.

Акин е добитник на награди како „Златна мечка“ во Берлин (2004) и „Златен глобус“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје (2017).

Неговите филмови се исклучително познати и омилени кај македонската публика.

Уметничкиот директор и селектор на главната програма Благоја Куновски.

Доре откри само четири наслови од годинашната конкуренција на филмови чии кинематографери ќе се натпреваруваат за престижните награди.

Тоа се кинескиот филм „Езерото на дивите гуски“, бразилскиот „Невидливиот живот на Еуридисе Гузмао“, израелскиот филм „Синоними“ и германскиот филм „Лара“ на режисерот Јан-Оле Герстер.

Селекторот на програмата Европски филмски перспективи, Слаѓан Пенев рече дека во програмата се вклучени 17 филмови.

Ана Василевска, селекторка на изборот на македонските филмови соопшти дека од годинава на фестивалот „Браќа Манаки“ се воведува награда од публиката за најдобриот македонски филм.

Информира дека програмата „Макпоинт“ ќе понуди 14 најнови краткометражни, документарни и анимирани филмови, за кои годинава фестивалската публика првпат ќе биде искрен оценувач на творечката работа, актерската игра, камерата, музиката, односно ќе може да се изјасни за својот комплетен филмски фаворит.

Последниот филм на неодамна починатиот Стефан Сидовски – Сидо, „Последното кафе“ премиерно ќе биде прикажан во рамки на оваа фестивалска програма.

Четириесеттото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола.

„Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Љупчо Константинов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.