Њујорк Тајмс: Во опасност од контаминација уште 62 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон

Уште 62 милиони дози од вакцината Џонсон и Џонсон се во опасност од контаминација, откако 15 милиони дози пропаднаа во фабриката во Балтимор каде се направени, јави Њујорк Тајмс.

Во февруари, вработените во Емерџент Бајосолушнс, компанија позната по производство на вакцини против антракс, несакајќи контаминираа 15 милиони дози на вакцини од Џонсон и Џонсон откако ги помешале со Астра Зенека и со тоа го уништија целиот контингент, потсетува весникот.

Во меѓувреме, произведени се уште 62 милиони дози вакцини Џонсон и Џонсон, но сè уште не се проверени, па постои можност тие да бидат контаминирани, се додава во текстот на Њујорк Тајмс. Ако се покаже дека се контаминирани, тие ќе мора да бидат уништени.

Фабриката, која прави вакцини, но не ги пакува во шишенца, досега има произведено најмалку 150 милиони дози вакцини Џонсон и Џонсон.