Капитенот на фудбалската репрезентација на БиХ, Един Џеко, ќе паузира само еден натпревар поради црвениот картон кој го заработи на дуелот против Грција кој заврши без победник 1:1.
Како што налагаат правилата на ФИФА, играчот кој ќе добие два жолти картони, ќе биде суспендиран само на еден натпревар, додека во случај да добие директен црвен картон таа казна е построга.
Ова значи дека Џеко ќе му биде на располагање на Мехмед Баждаревиќ на реванш средбата против Грција која се игра на 9 јуни во Зеница.
Џеко доби црвен картон во финишот на мечот Грција-БиХ.
На десетина минути пред крајот дојде до кошкање на теренот меѓу играчите, па судијата им покажа црвени картони на Џеко и Папастадопулос.