Џиновски дупки „голтаат“ патишта

Деновиве огромна дупка буквално проголта 30 метри од една од најпрометните сообраќајници во јапонскиот град Фукуока.

Ова е се позачестена појава во последно време. Земјава на повеќе места се отвори и вовлече дворови, патишта, автомобили…

Што е причината за оваа „глад“ на планетата (лизгање на земјиштето, земјотреси), сеуште не се утврдено.
Се истражуваат причините за овие мега-дупки кои не бираат каде ќе се појават.

Не се поштедени Јапонија, Австралија, Гватемала, Германија, САД, Босна и Херцеговина, Индонезија…

Каде ќе се отвори следната никој не може да претпостави.