Џулија Робертс во Белград

LinkSense.mk

Филмската ѕвезда Џулија Робертс стигна во Белград каде ќе проведе неколку денови со сопругот Данијел Модеро и со децата Хазел, Финеј, Волтер и Хенри Даниел.

Според неофицијални информации, светски познатата актерка во српската престолнина стигнала тајно, без претходна најава, да го следи сопругот кој во Белград работи на некој проект.

Актерката не се огласила на социјалните мрежи по повод својата посета на Белград.

Петчленото семејство поголемиот дел од првиот ден од посетата на Србија го минала во познат белградски ресторан.

Тие, наводно, уште неколку денови ќе минат во Белград, а иако од славната актерка се очекувало да отседне во некој од хотелите во центарот на градот, таа за своето семејство изнајмила апартман во населбата Дорчол.

Иако се обидувала да биде незабележана додека шетала по белградските продавници, Џулија ја „препознале“ сигурносните камери во една продавница, преку која продавачите ја фотографирале и на Твитер се пофалиле со познатата гостинка.