Денеска во посета на Македонија е министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп.
Како што најавија од македонското МНР, Австралиската министерка, ќе има тет а тет средба со својот домаќин министерот Никола Димитров, по што се предвидени пленарни разговори помеѓу делегациите на министерстватa за надворешни работи на Македонија и Австралија.
Додека од собраниската служба за информирање, изјавија дека шефот на австралиската дипломатија попладне ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.







