Австралиската влада планира на осудените лица за педофилија да им забрани да патуваат надвор од земјата, а тоа се смета за прв таков чекор чија цел е од експлоатација да се заштитат децата од југоисточна Азија.
Како што се наведува, австралиските педофили познати се по тоа што одат на ефтини одмори на блиските југоисточни и пацифички острови, каде што злоставуваат деца, пренесува АП.
Министерката за надворешни работи Џуди Бишоп изјави дека би им ги одзела пасошите на педофилите, кои ги има околу 200.000 регистрирани, а новите закони наскоро ќе се најдат пред австралискиот парламент.
„Во пораст е загриженоста на заедницата за сексуалната експлоатација на ранливите деца, а таа загриженост на заедницата е оправдана“, им изјави Бишоп на новинарите и додаде дека само во текот на минатата година, околу 800 регистрирани педофили патувале во странство, а половина од нив одела на дестинации на југоистокот на Азија.
Според нејзините зборови, новите закони од Австралија ќе направат светски лидер во заштита на загрозените деца во регионот од од она што се нарекуваше „детски секс туризам“.
Таа додаде и дека владите во азиско-пацифистичкиот регион сакаат Австралија да направи повеќе за да се запрат педофилите.
Австралискиот министер за правда Мајкл Кинан истакна дека ниту една држава нема забрана од таа врста и нагласи дека околу 2.500 новоосудени педофили ќе бидат додадени во регистарот на педофили, како и тоа дека тие ќе останат без патни исправи.







