Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Австрискиот канцелар оди кај Путин, Украинците бесни
Европа

Австрискиот канцелар оди кај Путин, Украинците бесни

април 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Австрискиот канцелар Карл Нехамер в понеделник ќе отпатува за Русија за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на австриската влада.

Така, тој ќе биде првиот европски лидер што ќе се сретне со Путин во Москва од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

„Канцеларот Нехамер оди за да поттикне дијалог“, рече портпаролот.

Меѓутоа, според информациите на „Билд“, во украинската влада на потегот на Нехамер не гледаат благонаклонето. Во Киев, се наведува во текстот, биле огорчени и австрискиот канцелар го прозиваат дека „арогантно си замислува дека може да направи нешто“, иако, како што велат, во Буча и сам можел да се увери за какви брутални воени злосторства е одговорен Путин.

„Билд“ цитира и неименуван дипломатски извор во Европската унија: „Па, мене ова ми личи на негово ПР шоу“.

Од друга страна, „Клајне цајтунг“ пишува дека мисијата на Нехамер во Москва не била договорена само со Фон дер Лајен и Шолц, туку и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и другите лидери, и дека Володимир Зеленски бил информиран за се. Според овој весник, на патувањето се спротивставиле само владите на Полска и балтичките држави.

Австрискиот канцелар вчера ја посети Украина за да изрази поддршка за украинската влада и се сретна со Зеленски.

По пристигнување во таа земја, тој им рече на новинарите дека злосторствата во Буча мора целосно да бидат истражени од независни меѓународни експерти.

Австрија, која не е членка на НАТО, досега, меѓу другото, на Украина и испратила 10.000 шлемови и 9.000 одбранбени елеци за цивилните потреби.

Истовремено, како и Германија, таа е една од земјите-членки на Европската унија која досега го отфрли барањето на Зеленски за забрана на увоз на руски гас. Австрија, 80 отсто од гасот, го набавува од Русија.

Виена, по извесно двоумење, протера четворица руски дипломати оваа недела, по примерот на другите членки на Унијата.

Речиси 4,5 милиони од околу 44 милиони Украинци ја напуштија својата татковина од почетокот на војната. Околу 51.000 бегалци, досега се пријавени во Австрија, главно жени и деца.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

австрија актуелно Буча Виена Владимир Путин НАТО русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.