Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за шест месеци ја продолжува контролата долж границата на Австрија со Словенија и Унгарија.
Во моментов австриските власти ја контролираат и границата со Чешка и Словачка.
На границата со другите соседни земји на Австрија се врши „интензивна контрола во пограничните области“, се вели во соопштението.
„Контролата на границите е важен инструмент на полицијата за доследна борба против илегалната трговија со луѓе и злоупотребата на азил. Меѓутоа, во сегашната ситуација контролата е исто така важна мерка за борба против тероризмот. Сè додека не функционира заштитата на надворешните граници и не функционира шенгенскиот систем, оваа мерка ќе биде неопходна“, изјави министерот за внатрешни работи, Герхард Карнер
Во меѓувреме, Словачка, Чешка, Полска, Италија, Словенија и Германија, исто така, ги продолжија контролите на своите граници.
Австрија ја контролира границата со Словенија и Унгарија од 2015 година.
(Фото: МИА)







