Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Агенцијата за филм на Канскиот филмски фестивал 2019
Култура

Агенцијата за филм на Канскиот филмски фестивал 2019

мај 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година ќе присуствува на Кански филмски фестивал, чие 72 издание свечено ќе започне утре, 14 мај, и ќе трае до 25 мај.

На свеченото отварање ќе биде прикажан филмот „Смртта не умира“ – „The Dead Don’t Die“ на американскиот автор Џим Џармуш.

Агенцијата за филм ќе ги престави најновите македонски филмови на својот штанд во павиљонот на Југоисточна Европа SEE Pavilion no. 133, каде традиционално има голем број на посетители и професионалци од филмската индустрија, претставници од национални филмски центри и агенции и веќе се закажани бројни состаноци од кои се очекува да произлезат плодни соработки. Во рамките на фестивалот, на отворањето на програмата Cannes Directors’ Fortnight 2019 (Quinzaine des réalisateurs) на 15 мај, со почеток во 16:45 во Théâtre Croisette ќе биде прикажан омнибус од пет краткометражни филмови во кои ќе учествува со свој филм и македонската авторка,
Елеонора Венинова, соопшти Агенцијата за филм.

„THE SIGN” е еден од петте краткометражни играни филмови снимени како дел од проектот Southeast European Factory (SEE Factory) кој е реализиран според концептот “La Factory“ основан од Dominique Welinski и Directors’ Fortnight.

Southeast European Factory (SEE Factory) е проект за соработка помеѓу пет земји од регионот, меѓу кои е и Република Северна Македонија.

За реализацијата на овој проект беа водени разговори со филмските центри од регионот на минатиот Кански филмски фестивал, по што кон крајот на минатата година од страна на Агенцијата за филм беше потпишан и договор за негова реализација.

Врз основа на овој договор за реализација на Southeast European Factory (SEE Factory), пет малди автори од регионот имаа можност да работат на пет филмови реализирани од пет автори од регионот и пет автори од светот кои заедно работеа во парови.

Филмовите се реализирани со поддршка на филмските фондови од регинонот.

Насловите на филмовите, дел од овој проект се: „THE SIGN”: Елеонора Венинова (Северна Македонија), Јона Розенкиер (Израел / Швајцарија); „LOVE SUPREME”: Душан Касалица (Црна Гора), Теодора Ана Михаи (Романија / Белгија); „RED STAIN”: Уршка Ѓукиќ (Словенија), Габриел Цафка (Грција / Данска); „MOMMY”: Маша Шаровиќ (Србија), Шарон Ангелхарт (Израел); „SPIT”: Невен Самарџиќ (БиХ), Каролина Марковиц (Бразил).

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и Генерално собрание на EFADS (European Film Agency Directors), Асоцијација на директори на Европски филмски агенции, каде членуваат директори на филмски фондови и агенции од голем броој на европски држави.

Агенцијата за филм има поднесено барање за членство во оваа значајна филмска асоцијација и е во очекување на добивање на истото.

На филмскиот маркет, кој се одржува во рамките на фестивалот од нашата држава, на 17 мај, петок, со почеток во 18:00 во салата GRAY 3, ќе биде прикажан филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, ко-продукција помеѓу Мануфактура (Македонија), Media&Film (Косово) Ska-ndal (Албанија).

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и третата работилница од програмата за развој на сценарија, ScripTeast на која и претходеа, првата во Стердин, Полска, втората во Берлин на Берлинскиот Филмски Фестивал.

Дел од оваа работилница ќе биде македонскиот автор Вардан Тозија кој беше селектиран за учество со сценариото за долгометражниот игран филм со работен наслов „М“. Филмот „М“ е финасиски поддржан од Агенцијата за филм и е во фаза на претпродукција.

Агенцијата за филм, ќе присуствува на неколку битни состаноци меѓу кои е и Генералното собрание на Европски клуб на продуценти (European Producers club) како и на 64 Генерално собрание на EFP (European Film Promotion) и на сите придружни активности кои што се во организација на мрежата за светска промоција и маркетинг на Европската кинематографија, EFP.

На Канскиот филмски фестивал ќе биде и раководителката на МЕДИА Деск МК, Бистра Георгиева која ќе учествува на Европскиот филмски форум „Европски таленти: зајакнување на креативниот потенцијал“, како и на годишните состаноци на претставниците на програмата Креативна Европа МЕДИА каде се договараат идните стратегии и можни соработки помеѓу десковите, се вели во соопштението од Агенцијата за филм.

Агенцијата за филм Канскиот филмски фестивал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.