Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативец на Аргентина, Серхио Агуеро ќе го напушти клубот.
Агуеро би можел да замине во Интер или во Реал Мадрид, пренесуваат британските медиуми.
Пеп Гвардиола, менаџерот на „граѓаните“, не е задоволен од учинокот на Агуеро, ниту пак со однесувањето надвор од теренот.
Младиот Бразилец Габриел Жезус се почесто е прв избор на Гвардиола во нападот. Габриел настапи на дуелот во средата со Вест Хем и беше стрелец на еден гол, а имаше и една асистенција.







