Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АЕК ги додели одобренијата за 5Г мрежата
Економија

АЕК ги додели одобренијата за 5Г мрежата

јули 11, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска на „Македонски Телеком” и „А1 Македонија” им ги додели одобренија за петтата мобилна генерација 5Г, со што станавме прва држава во Западен Балкан што воведува вистинска 5Г мрежа.

Во моментов, како што изјави директорот на АЕК, Јетон Аќику, „Македонски Телеком” веќе ја има покриено територијата на 16 града со 5Г мрежата и работи во делот на Тетово и Гостивар, а „А1 Македонија” работи на покривање на територијата на Скопје. Според него, се очекува „Македонски Телеком” прв да ја покрие целата територија на државата со функционална 5Г мрежа која треба да е 10 пати побрза од 4Г.

 

 

– Направивме мерења на 5Г мрежата кои покажаа дека зрачењето кај оваа технологија е далеку помало од старото со 4Г. Како АЕК го направивме тоа што можевме, меревме, ќе мериме и ќе продолжиме да мериме за научно да покажеме дека нема такво зрачење како што обвинуваат на социјалните мрежи. Ќе се потрудиме да ги известиме граѓаните дека нема потреба за паника, рече Аќику по доделувањето на одобренијата.

Тој нагласи дека веќе од следната година ќе почне постепеното намалување на цените на роамингот и на податочниот сообраќај, односно интернетот со земјите од Европската Унија и додаде дека очекува до 2027 година да има цени слични како што сега има роамингот со земјите од Западен Балкан во рамки на „Roam like at home”.

Во роамингот со Западен Балкан, како што беше посочено на првиот јавен состанок на АЕК за годинава, веќе има значително зголемување во минути и искористен интернет. Тоа е услуга, која, како што истакнаа, е наменета да се користи периодично  односно при повремени посети во земјите од Западен Балкан, а не за постојано користење.

Беше најавено дека неделава во Виена  ќе има координативен состанок за почеток на преговорите за намалување на церените на роамингот и за користење на податочниот сообраќај со земјите од ЕУ.

До АЕК годинава пристигнале 256 барања за решавање на спорови од кои 74 отсто се веќе решени со што првичниот рок од четири месеци за решавање на барањата е намален на 50 дена. Од нив 53 отсто се решени во корист на барателите што, како што велат од АЕК, покажува дека се зголемува свесноста на корисниците зошто и кога да приговараат и на основаноста на нивните приговори. Речиси и да нема приговори во однос на роамнигот со Западен Балкан.

Најмногу од барањата се за незадоволството за мобилната телефонија, а потоа за телевизијата и за другите ставки. Забележани се прекинувања на тарифни договори на сред договор, кои не смеат да се прекинат без согласноста на корисникот, а од АЕК им препорачаа на корисниците да ги прочитаат договорите пред да ги потпишат.

Во делот на измамничкиот меѓународен говорен сообраќај во соработка со двата мобилни оператори корисниците, како што беше нагласено, биле заштитени од плаќања големи сметки. На претплатниците на домашна мрежа им се генерирале дојдовни повици од странски мрежи најчесто кон Австрија, Шпанија и Португалија и други подалечни дестинации. Тие во соработка со операторите биле комплетно блокирани на нивната мрежа и при решавање на бројните предмети кои стигнале до АЕК било одлучено корисниците да немаат обврска да плаќаат ништо доколку не била воспоставена крајната дестинација на повикот и нивните приговори биле усвоени. Оваа појава во моментов е комплетно отстранета од стана на АЕК и операторите.

 

ИЗВОР: МИА

5ги АЕК актуелно мрежа одобренија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.