Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Азески потпиша две важни спогодби со турската и грчката бизнис-асоцијација
Економија

Азески потпиша две важни спогодби со турската и грчката бизнис-асоцијација

јуни 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ставање во функција на Турско-македонски трговско-индустриски форум и Агенда за отворање нови перспективи во насока на зголемување на бизнис-соработката со Грција, се првонајавените активности со кои ќе започне продлабочувањето на
бизнис-соработката на Стопанската комора на Северна Македонија со Турција и Грција.

За таа цел се потпишани меморандуми за соработка од страна на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со претседателот на Унијата на комори и стоковна размена на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу, и со претседателот на Унијата на грчки комори и на Атинската комора за трговија и индустрии, Константинос Михалос.

„Стопанската комора на Северна Македонија и Унијата на комори и стоковна размена на Турција, во рамки на Турско-македонскиот трговскоиндустриски форум, ќе работат на креирање заеднички иницијативи за подобрување на условите за инвестирање, на целокупната трговска соработка, како и на подобрување на инфраструктурната поврзаност меѓу двете земји, што ќе иницира и зголемување на економската соработка во постковид-периодот кој е пред нас, истакна Азески на виртуелното потпишување.

Вкупната трговска размена со Република Турција, во периодот јануари – април годинава изнесува 224 милиони американски долари што претставува раст од 42,3 проценти споредено со истиот период лани.

Извозот евидентира раст од 72,7 проценти, а увозот 35,8 проценти. Во истиот период е остварен трговски дефицит од 128 милиони американски долари, а Турција е осми трговски партнер во надворешно-трговската размена на С. Македонија.

Од Стопанската комора на С. Македонија посочуваат дека меморандумот потпишан со грчката бизнис асоцијација само ја верификува и зајакнува досегашната долгогодишна соработка што ја имаат овие две бизнис асоцијации. Ќе се работи на креирање Агенда за отворање нови перспективи во насока на зголемување на трговската размена, зголемување на инвестициите и подобрување на условите за работа на бизнис заедниците од двете земји.

Азески на онлајн потпишувањето нагласи дека е чест да се соработува со најголемата деловна заедница од Грција.

„Политичката иницијатива ги покажува своите резултати, и се отвораат се повеќе можности македонските бизнисмени да бидат активни во Грција, но исто така за очекување е соработка на бизнис асоцијациите и компаниите на проекти, како и споделување на нивните искуства во нашите ЕУ активности, рече Азески.

Вкупната трговска размена со Грција за периодот јануари – април годинава изнесува 292,2 милиони американски долари со раст од 27,9 проценти во однос на истиот период минатата година. Извозот евидентира раст од 17,27 проценти, додека увозот од 31,5 проценти.

Трговски дефицит е 159,6 милиони американски долари, а Грција е четвртиот трговски партнер на Северна Македонија.

азески асоцијација спогодби туризам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.