Сè уште има активни пожари во Македонија. И натаму гори во околината на Македонски Брод, во селото Волче и во подножјето на Сува Гора.
Пожари има и во Велешкиот Регион. Во Скопско гори кај Никиштани и Грачани.
Во околината на Прилеп пожар има кај месноста Дрен – Смолари и огнената стихија се движи кон Тиквешијата.
Активни пожари има и во околината на Тетово во селото Туденце. На терен се ангажирани екипите на противпожарните бригади, мештани, вработени во „Македонски шуми“.
Некои од пожарите се гаснат со помош на хеликоптери на АРМ.







