Кинеското Министерство за надворешни работи ја осуди денешната средба во Калифорнија меѓу лидерот на Тајван и претседателот на Претставничкиот дом на САД како „акти на таен договор“ и рече дека ќе го брани својот суверенитет.
„Кина силно се противи и остро ги осудува овие акти“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи.
„Како одговор на сериозно погрешните акти на тајниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Тајван, Кина ќе преземе одлучни и ефективни мерки за заштита на националниот суверенитет и територијалниот интегритет.
Претседателот на американскиот Претставнички дом, Кевин Мекарти, вчера беше домаќин на тајванската претседателка Тсаи Инг-вен во Калифорнија, со што стана највисокиот Американец кој се сретна со тајвански лидер на американско тло во последните децении. Тој, во својата изјава дадена после средбата, ја нагласи потребата да се забрза испораката на оружје за Тајван, заради, како што истакна, се поголемите закани од Кина.
Во посебно соопштение кое денеска го објави Одборот за надворешни работи на Секинескиот народен конгрес, а го пренесе државната новинска агенција Ксинхуа, се вели дека постаките на Мекарти „сериозно ја прекршиле обврската што САД ја презедоа кон Кина по прашањето за Тајван“.
Кина тврди дека демократскиот Тајван е нејзина сопствена територија, што е стојалиште кое владата во Тајпеј силно го оспорува.







