Шпанската полиција уапси 50 членови на криминална организација осомничени дека од југозападна Шпанија пренесувала кокаин и хашиш во други европски земји и запленила седум тони дрога, соопшти денеска Цивилната гарда, полицијата која учествувала во акцијата.
Запленети се речиси 2 тони кокаин и 5 тони хашиш.
Акцијата со кодно име „ЗАМОК“ започна минатата година, а во неа учествувале и полициите од Португалија, Франција и Велика Британија.
Криминалната група дејствувала на подрачјето на приморскиот град Хуелва и околу полуостровот Гибралтар, а имала воспоставени врски во соседна Португалија.
Полицијата открила дека со чамци и бродови ја набавувале и дистрибуирале дрогата и дека имале соработници на Канарските Острови и во Мароко.
Хашиш купувале од Мароко, а кокаин од Јужна Америка и преку море го донесувале до југот на Шпанија, од каде го продавале низ Европа, се наведува во соопштението.
Од пријавените се одземени два глисери, шест автомобили, осум мотори и електронски уреди и поголема количина на комуникациска опрема.
Шпанија и Португалија оваа година ја чувствуваат зголемената активност на трговците со дрога.
Португалската полиција претходно оваа недела информираше дека само во јануари, февруари и март, запленила повеќе хашиш отколку во целата минатата година.
(Фото: Илустрација / „Соларпикс“)







