Албанскиот претседател Илир Мета и честиташе на Македонија за добиената покана за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО.
Мета поканата ја оценува како понатамошен катализатор за безбедноста во регионот на Западен Балкан.
„Самитот на НАТО во Брисел ја зајакна значајната трансатлантска поврзаност преку поангажирачки одлуки за сите. Ја поздравувам добиената покана за членство на идната Република Северна Македонија, катализатор за поголема безбедност и стабилност во Западен Балкан“, напиша Мета на Твитер.
Добивањето на поканата ја поздрави и премиерот Еди Рама.
„Високо оценувајќи го договорот постигнат меѓу Атина и Скопје, Албанија го поддржува почетокот на процедурите за што побрзо членство во НАТО на Република Северна Македонија“, напиша Рама на Фејсбук.







