Владеачката Социјалистичка партија во Албанија е победник на парламентарните избори, покажуваат прелиминарните резултати според кои таа партија освоила речиси 50 отсто од гласовите.
Врз основа на една третина од преброените гласови, Централната изборна комисија на Албанија соопшти дека Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама освои речиси 50 проценти од гласовите на избирачите, додека опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша освои 28 отсто од гласовите, пренесува АП.
Тие резултати укажуваат дека социјалистите би требало да добијат 75-76 мандати во албанскиот парламент, кој број 140 пратенички места.
Според првичните неофицијални реултати левата калициија „За Албанија која ја сакаме“ предводена од социјалистите на Еди Рама освоила 49,62 отсто од гласовите и обезбедила 76 пратенички мандати во 140-члениот Парламент.
Веднаш зад неа е коалицијата на десницата „Нова Република“ предводена од демократите на Љуљзим Баша, со 28.56 отсто од гласовите или 41-но пратеничко место.
Партијата Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ) на Петрит Васили обезбедила 20 пратенички места со освоени 14,95 отсто од гласовите.
Два пратенка има партијата за правда и единство (ПДИУ) и еден пратеник Социјалдемократската партија.
На својот профил на Фејсбук Рама утрово напиша „75+ ремек дело на граѓаните“.
Инаку, на вчерашните избори забележана е најниска излезност до сега. Од вкупно запишаните 3.451.896 албански граѓани ,гласачкото право го оствариле 45,17 отсто.
Одзивот на гласачите бил 47 проценти, што е дури шест проценти помалку отколку на претходните избори одржани во 2013 година.
Во Албанија во неделата се одржани деветите парламентарни избори од падот на Енвер Хоџа во 1991 година и први од полноправното членство на таа земја во НАТО и добивањето на кандидатскиот статус за приклучување во Европската унија.
Изборната комисија, поради слабиот одзив, го продолжи рокот за гласање за еден час, односно до 20 часот.







