Албанските власти го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонја во НАТО, оценувајќи го како чин на гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот.
Поздравуваќи го потпишувањето на Протоколот претседателот Илир Мета упати честитка до политичките лидери и граѓаните во Северна Македонја.
„Честитки до визионерските политички лидери и граѓаните на Република Северна Македонија за ова заслужено достигнување, што го промовира натамошниот напредок на земјата, ја зголемува регионалната безбедност и стабилност и го зајакнува Сојузот на трансатлантските заеднички вредности. Нужна одлука во вистинско време, оценува Мета.
Министерката за одбрана, Олта Џачка, веста ја оцени како одлична.
„Честитки за граѓаните на Северна Македонија за ова заслужено достигнување. Алијансата ги отвори своите врати за да го дочека својот 30-ти член во најголемото политичко-воено семејство. Силна стратешка порака за нашите соседи и за регионот на Западен Балкан. Од денес, регионот доби повеќе безбедност, стабилност и мир,-рече Џачка.
Сите албански медиуми ја пренесуваат веста за потпшувањето на Протоколот при тоа посебно нагласувајќи дека Албанија е земјата која прва денеска го потпишала овој документ.
Харадинај го поздрави потпишувањето на Протоколот за Македонија во НАТО
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го поздрави денешното потпишување во Брисел на Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО од страна на 29 членки на Алијансата.
Харадинај на својата страница на Фејсбук го оцени овој чин како „голем чекор за целиот регион“.
„Го поздравувам потпишувањето на Протоколот за приемот на Северна Македонија во НАТО од страна на 29 членки. Повеќе НАТО во регионот значи повеќе безбедност, мир и стабилност. Голем чекор за целиот наш регион, кој придонесува за траен мир, напиша Харадинај.
Потпишувањето на Протоколот за Баша голем настан за регионот , за Бушати посигурен регион
Потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО го поздрави лидерот на најголемата албанска опозициска партијата, Демократската, Љуљзим Баша, оценувајќи го како голем настан за регионот.
„Членството на Северна Македонија во НАТО е голем настан за нашиот регион. Проширувањето на НАТО на Балканот е одлучувачки придонес за безбедноста, мирот и вредностите на демократијата, оценува Баша.
Според него во ова големо достигнување, посебен придонес има политичкиот фактор и волјата на Албанците во Северна Македонија, кои го подржале и се определиле, без двоумење, за ова историско достигнување.
„Горд сум што во ова големо достигнување политичкиот фактор и волјата на Албанците во Северна Македонија го поддржаа и се определија без двоумење за ова историско достигнување, смета Баша.
Потпишувањето на Протоколот го поздрави и екс министерот за Европа и надворешн работ, Дитмир Бушати, оценувајќи дека тоа значи посигурен регион.
„Потпишувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО е доказ за триумфот на евроатлантските вредности во нашиот регион .Честитки за сите оние кои работеа на тоа да го овозможат ова историско достигнување, особено албанскиот политички фактор во Северна Македонија, кој секогаш работеше за влез во евроатлантскиот тек. Албанија секогаш ја подржува мултиетничка, демократска, вклучена во НАТО и ЕУ, Северна Македонја, напиша Бушати на социјалните мрежи.
Претходно потпшувањето на протоколот го позрав и шефот на албанската држава, Илир Мета минстерката за одбрана Олта Џачка, оценувајќ го како „чин на гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот“.







