Алијансата за Албанците останува во владината коалиција. Ова, како што соопшти за МИА портпаролот на партијата Флакрон Беџети, е потврдено вчера на средба помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
Според него, нивната партија продолжува да биде дел од владата со своите претходни позиции.
„Средбата беше конструктивна, во позитивен дух, на која меѓу другото се разговараше за продолжување на реформите, со заедничка посветеност на реформската Влада.
Алијансата за Албанците продолжува да биде дел од Владата со оние позиции кои претходно беа договорени во составот на парламентарното мнозинство и создавањето на реформската Влада“, рече Беџети.







