Исламска држава го именуваше наследникот на лидерот на таа терористичка организација Абу Бакр ал-Багдади кој изминатиот викенд беше убиен во Сирија.
Новиот лидер на Исламска држава е Абу Ибрахим ал-Хашими, објавија од групата во аудио порака на својот медиум „ал-Фуркан“, пренесува АП.
На снимката на која се оплакува Ал Багдади, потврдена е и смртта на неговиот близок соработник и портпарол на Исламска држава, Абу Хасан ал-Муханџир, кој загина во заедничката операција на американските и курдските сили на северот на Сирија во неделата, неколку часа откако Ал Багдади се разнесе со елек полн со експлозив во текот на рацијата во провинцијата Идлиб.
Лицето од снимката, којшто се претстави како Абу Хамза ал-Караши, денеска ги повика приврзаниците да се заколнат на верност на „новиот Калиф“ и им се обрати на САД со зборовите: „Не се радувајте многу“.
(Фото: ЕПА)







