Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Американците го претресуваат трговското претставништво на Русија во Вашингтон
Во Фокусот

Американците го претресуваат трговското претставништво на Русија во Вашингтон

септември 3, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Властите на Соединетите Американски Држави ја превзедоа контролата над зградата на руската трговска мисија во Вашингтон, јави агенцијата ТАС С и додава дека американски стражари се испратени во објектот.

Претседавачот на комитетот за надворешни работи на руската Државна Дума, Леонид Слуцки изјави дека ситуацијата околу трговската мисија на Русија во Вашингтон, во која вчеравечер влегоа претставници на американските власти, укинувајќи го претходно дипломатскиот имунитет на таа зграда, означува најочигледно кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

„Претресот на зградата на руската трговска мисија во Вашингтон е без преседан и најочигледно кршење на Виенската конвенција. Членот 45 од Конвенцијата вели дека дури и во случај на заострување на дипломатските односи или вооружен напад, државата домаќин мора да ги почитува и штити имотите на странските мисии“, вели Суицки, пренесува ТАС С.

Тој додава дека „без оглед на тоа, САД за за многу кусо време го укинаа дипломатскиот имунитет на руската мисија, обидувајќи се да ја оправдаат сопствената арбитрарност со еднострано толкување на Конвенцијата“.

ТАС С наведува дека високо позициониран руски пратеник нагласил дека протестната нота што ја испратило руското Министерство за надворешни работи е игнорирана и дека рускиот имот дошол под американска контрола.

„Ова се отворени непријателски акти кои во потполност се спротивни на меѓународното право“, навел Слуцки и додал дека Москва го задржува правото на чекори на одмазда темелени на принципот на реципроцитет.

„Јасно е дека САД провоцираат понатамошна ескалација во нашите дипломатски односи“, рекол Слуцки.

Властите на САД ја превзедоа контролата над зградата на руската трговска мисија во Вашингтон, јавува дописникот на ТАС С и додава дека американски стражари се во неа и околу неа.

Шефот на руската трговска мисија во престолнината на САД, Александар Стадник и потврдил на оваа агенција дека, според зборовите на американските власти, на зградата и е укинат дипломатскиот статус.

ТАС С претходно јави дека Американците се подготвуваат да извршат претрес на руската трговска мисија во Вашингтон и дека на советникот во американската амбасада во Москва, Ентони Годфри во врска со тоа му била врачена протестна нота.

„Денес во два часот попладне (по локално време), ќе биде спроведен претресот. Технички претресот ќе го спроведе Стејт департментот“, изјавил портпаролот на руската амбасада Николај Лаконин за ТАС С.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека планираниот претрес на руски дипломатски објект во САД е невидена работа, агресивна акција која американските разузнувачки служби можат да ја искористат за организирање на провокации со помош на подметнати предмети.

„Во нотата се истакнува дека планираниот нелегитимен претрес на дипломатските простории на Русија без присуство на руски официјални лица и заканата дека предната врата ќе биде обиена ја сметаме за невидено, агресивна акција која американските разузнувачки агенции можат да ја искористат и за организирање на антируски провокации со помош на подметнати компромитирашки предмети“, се нагласува во дописот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Патем во него се додава и тоа дека Москва го задржува правото на возвратни мерки врз основа на реципроцитет, пренесува „Спутник“.

„Властите на Соединетите Американски Држави треба да ја запрат најгрубата повреда на меѓународното право и да се откажат од нападот на имунитетот на руските дипломатски институции. Во спротивно, го задржуваме правото да одговориме врз основа на реципроцитет“, се наведува во соопштението.

Претходно од руското Министерство за надворешни работи изјавија дека специјални служби на САД имаат намера на 2 септември да извршат претрес во рускиот конзулат во Сан Франциско, кој исто така е затворен на барање на американските власти, како и во станови на руски дипломатски претставници.

Стејт департментот одби да ги коментира овие информации.

актуелно Вашингтон имунитет конвенција мисија претрес русија САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.