Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анализа: Платите во текстилната и кожарската индустрија не се намалија поради владините мерки
Економија

Анализа: Платите во текстилната и кожарската индустрија не се намалија поради владините мерки

октомври 17, 2020Updated:октомври 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Корона кризата удри врз трудоинтензивните гранки, особено врз текстилната и кожарската индустрија, покажа анализата „Влијанието на КОВИД-19 врз ниско
платените и трудоинтензивни гранки“ што ја изготвија здружението „Гласен Текстилец“ и фондацијата Фридрих Еберт од Скопје.

Анализата направена во периодот 10 март–10 јуни, денеска беше презентирана на 4. Текстилијада во Штип.

Според поранешниот министер за финансии и универзитетски професор, Никола Поповски. економските параметри покажуваат дека во првото тромесечје во овие две индустрии ударот не се почувствувал, зашто кризата почна во март, но во април, мај и јуни, ударот бил голем.

„Има големо намалување на бруто домашниот производ во текстилната и кожарската индустрија. Исто така има прилично големо намалување на физичкиот обем на индустриското производство, како резултат на тоа е намалена бројката на работници во овој сектор. Тоа се сериозни показатели за надолна линија“, истакна Поповски.

Нивото на платите изминатите месеци не паднало, како што е случајот со БДП и физичкиот обем на индустриското производство.

„Платите не се намалија, анализата покажува не заради резултатите, тоа е невозможно, туку заради владините мерки кои беа насочени да ги зачуват, заштита вработените и со субвенции се задржа нивото на платите, за оние коишто остана на работа“, рече Поповски.

Тој смета дека треба да се наоѓаат нови решенија и како овие гранки да се трансформираат постепено, доколку корона кризата продолжи уште една или две години.

Ако Владата има проекции дека пандемијата ќе трае и во 2021 година, во тој случај треба да скрати одредени буџетски трошоци.

„Тоа е природно, јас не гледам на пример потреба од културни манифестации, спортски манифестации, уметнички, некои делови од општеството што ги финансира Владата. Доволно е платата, но не и трошоците за одржување на манифестациите“, оцени Поповски според кој закрепнувањето ќе трае долго време затшто пазарите се губат, а навиките на граѓаните полека ќе се менуваат. Во моментов сите парите ги трошат за домување, храна, лекови, заштитна опрема, а штедат на облека.

Донче Стаменков, адвокат на „Гласен текстилец“ вели дека во време на коронакризата му се скратија правата на работникот.

Голем е бројот на работници кои побарале правна помош.

За дел од случаите веќе е почната судска постапка, а за еден е изречена и кривична пријава…

„Тоа се одрази врз пазарот на трудот во делот на работничките права. Во оваа анализа низ конкретни примери се опфатени дел од одредени прекршувања, како остварување на права на хронично болни, остварување права на работниците при превозот организиран од страна на работодавачите, права на работниците кои се однесуваа при
исплата на минимални плати и во конкретната ситуација може да се каже дека има голем број прекршувања“, вели Стаменков.

Според Кристина Ампева од „Гласен текстилец“, прекршување на работничките права освен во неколку фабрики во источниот регион се евидентирани и во Охрид, Гевгелија, Скопје, Битола и Гевгелија.

„Стануваше збор за спогодбени откази за коишто работничките рекоа дека немаат потпишано такво нешто, не им се продолжени договорите на определено време , како и безбедносните протоколи донесени за превозот на работничките, а не беа запазени“, истакна Ампева.

Четвртата Текстилијада завршува денеска со проекција на филмот „Убивајќи го бога“.

Изминатите три дена беа организирани неколку дебати, а беше промовиран и новиот стрип „Супер текстилка“, како и споменикот „Магичен конец“ посветен на текстилните работници.

 

анализа владини мерки кожарска индустрија плати текстилна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.