Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска: Ослободување од аконтации на данок на добивка и намалување камати за помош на стопанството
Економија

Ангеловска: Ослободување од аконтации на данок на добивка и намалување камати за помош на стопанството

март 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Фирмите од туризмот, угостителството, транспортот и од останатите погодени сектори од кризата со коронавирусот ќе бидат ослободени од плаќање аконтации од данок на добивка за април, мај и јуни. Услов е да не исплатиле дивиденда во текот на 2020, односно да не исплатат бонуси и годишни награди и да не го намалат бројот на вработени“, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа со владиниот економски тим ги претстави економските мерки за помош на стопанството, со кои се овозможува директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компании и субвенционирање на придонесите за април, мај и јуни.

Дел од барањата на коморите, беа и намалување на каматите и парафискални давачки.

Во таа насока, информираше Ангеловска, законски затезната камата ќе биде намалена за 50 проценти во соработка со Министерството за правда, од 10 на пет проценти за правни лица и од осум на четири проценти за правни и физички лица, а ќе биде променет и периодот за кој се зема предвид референтната каматната стапка што ја пропишува Централната банка, за да има поповолни услови во услови кога референтната каматна стапка се намалува.

Министерстото за финансии ќе ја намали и казнената камата за јавни давачки од 0,03 проценти на 0,015 проценти, односно за 50 проценти.

Дополнително, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи ќе даде препорака на провајдерите за намалување на цените за одржување на фискалните каси за 50 проценти.

Препорака ќе дадат и на банките да ги намалат цените за плаќање на финансиските извештаи за ДДВ за прометот на сметките на фирмите.

„Ова се можеби навидум незначајни и симболични давачки, сепак го
отсликува настојувањето на Владата да ја олесни оваа ситуација на секој можен начин за фирмите“, рече министерката за финансии.

Според неа, сега е несериозно да се каже кога ќе дојде до опоравување од кризата и оти предвидувањата на меѓународните институции се
менуваат од ден на ден.

Начелно очекувањата се дека најголемиот шок ќе биде во текот на вториот квартал, а опоравувањето да започне од третиот и веќе стабилизација во четвртиот.

Во следната фаза после овој прв пакет на мерки будно ќе ја следиме ситуацијата и ќе се подготвуваме и за стратешки мерки за опоравување и помош на бизнисот во таа фаза.

Некои синџири на снабдување ќе се реструктурираат, новите начини на работа што ќе се воведат во кризата можеби и ќе продолжат…

„Непредвидливоста е голема, но едно е сигурно – предизвикот е огромен и во ова сме сите заедно“, укажа министерката за финансии.

Таа нагласи дека Буџетот моментно е стабилен, но тоа во услови на
намалена економска активност ќе се смени многу бргу, фискалниот простор е ограничен и треба многу претпазливо да управуваме со оваа
кризна состојба.

Буџетот на Министeрството за здравство, истакна, има простор успешно да одговори на здравствената криза.

Ние сме мала економија и во оваа сериозна состојба, како што нагалси, треба да делуваме внимателно.

„Сериозноста е уште поголема бидејќи нема предвидлива траекторија, а со тоа неизвесноста е уште поголема. За таа цел, тим во Министерството за финасии постојано работи на сценарија за влијанието на ваквата состојба на буџетот и се подготвуваме и за најлошите сценарија. Да бидеме подготвени за најлошото, а да се надеваме и да работиме за најдоброто“, порача Ангеловска.

Таа укажа дека како резултат на кризата бројни компании се реорганизираат, ги менуваат работните процедури, воведуваат технологија и работа од далечина, едноставно се адаптираат.

„Некои компании погодени од мерките за превенција од Владата како што се угостителите воведуваат нови начини на продажба и достава на нивната храна. Некои ќе затворат. Има и такви компании чии бизниси ќе растат во време на коронакризата, има такви кои со мерките на адаптирање ќе ги минимизираат негативните ефекти и ќе ги премостат ликвидносните проблеми, некои со кризните мерки, а некои и без нив“, укажа Ангеловска.

Ги повика оние кои ќе имаат раст на добивките во овој период да и помогнат на државата и на сите со предвремено па и авансно плаќање на давачките и најави дека додека траат кризните мерки на Владата таа ќе се откаже од нејзината плата.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска претходно
објави дека во првиот сет мерки што ги презема Владата се овозможува
директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на
микро, малите и средните компани и субвенционирање на придонесите
за месеците април, мај и јуни.

аконтации актуелно ангеловска данок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.