Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска: Преку низа мерки работиме на сузбивање на сивата економија, ова го поздрави и ММФ
Економија

Ангеловска: Преку низа мерки работиме на сузбивање на сивата економија, ова го поздрави и ММФ

јануари 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Преку низа мерки се работи на сузбивање на сивата економија во земјава. Ова го увиде и поздрави и Меѓународниот монетарен фонд. Министерството за финансии работи на акциски план и јакнење на механизмите за адресирање на сивата економија, а исто така се работи на стратегија за кревање на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал“, рече во интервју за Фактор министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Преку низа мерки се работи на сузбивање на сивата економија, од една страна на пазарот на труд, од друга страна кај фискализацијата. Тука се активните мерки за вработување, социјалната реформа – кои ги воведуваат лицата на формалниот пазар на труд, како и мерките МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда кои ја поттикнуваат фискализацијата. Во последниот редовен мониторинг – член 4, кој ММФ го направи на нашата земја, тие ги поздравија владините реформи во насока на сузбивање на сивата економија и посочија дека тие се на високо место во владината агенда“, вели Ангеловска.

Таа посочува дека во Министерството за финансии веќе извесно време се работи на подготовка на акцискиот план за 2020 година за јакнење на механизмите за адресирање на сивата економија, а исто така се работи на стратегија за кревање на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал.

Според Ангеловска, мерката МојДДВ дава резултати и тие во континуитет се подобруваат.

Таа истакнува дека значајно засилување на мерката МојДДВ е наградната игра МојДДВ #МојаНаграда која започна на 15 декември.

„Откако започна наградната игра, во првите 15 дена бројот на скенирани сметки порасна за 74 проценти во однос на првата половина од месецот. Понатаму, само во декември имаме скенирани 12,5 милиони фискални сметки, што е за 53 проценти повеќе во однос на претходниот просек на скенирани сметки месечно. Од јули минатата година просечно месечно се скенирале по осум милиони фискални сметки. Сега само во декември имаме 12,5 милиони фискални сметки, односно раст од над 53 проценти. Ако го земеме периодот од 15 декември до 31 декември имаме осум милиони скенирани фискални сметки, односно во 15 дена се скенира колку што просечно се скенирале во претходниот период во текот на еден месец. Во декември растот на наплатата на ДДВ изнесува 12 проценти, додека наплатениот ДДВ од скенираните сметки бележи раст од 59 проценти. Овие бројки говорат за резултатите, за популарноста на наградната игра, за тоа колку повеќе луѓето ги скенираат сметките, учествуваат во борбата против сивата економија и колку оваа наградна игра ги стимулира повеќе да се вклучат“, вели Ангеловска.

ангеловска ММФ сива економија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари

ноември 23, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.