Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангелов: Бугарија не може да ги промени своите позиции за преговарачката рамка
Македонија

Ангелов: Бугарија не може да ги промени своите позиции за преговарачката рамка

октомври 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бугарија не може да ги промени своите позиции затоа што има декларација на Парламентот и одлука на Влада. Тоа што се говори внатре во ЕУ е проблем на Унијата и тоа е проблем на Брисел, а не наш проблем тука.

Ова го изјави бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање по работниот појадок во МНР организиран во рамки на македонско – бугарското претседавање со Берлинскиот процес за тоа дали Софија ќе ги промени позициите по однос на преговарачката рамка за С Македонија содржани во објаснувачкиот меморандум во кој се оспоруваат меѓу другото македонскиот јазик и нација, а која денеска е на дневен ред на КОРЕПЕР – Комиетот на постојани претставници во Брисел.

Запарашан дали е извесно бугарско вето за првата меѓувладина конференција до крајот на годинава доколку историчарите на двете земји во Мешовитата комисија не успеат да постигнат договор по отворените прашања, бугарскиот амбасадор го избегна прашањето посочувајќи дека денешната средба е фокусирана на Берлинскиот процес.

-Ние сега сме фокусирани да го завршиме Берлинскиот процес и да и покажеме на цела Европа дека можеме заеднички да завршиме нешто успешно, вели бугарскиот амбасадор.

За тоа каде гледа Бугарија територијални претензии во Преспанскиот договор од македонска страна со примената на краткото име на државата, амбасадорот Ангелов повторно избегна да одговори посочувајќи дека денешната средба е во контекст на Берлинскиот процес кој, вели, е многу значаен и треба да помогне за изградбата на довербата меѓу нашите две држави.

-Имаме големи очекувања дека Берлинскиот процес ќе донесе приближување помеѓу администрациите на двете држави затоа што како копретседавачи очекуваме резултати од средбите на министрите за внатрешни работи преку министрите за социјална заштита, министрите за здравство и министрите за надворешни работи.

Двете администрации требаше да работат заедно. Дојде ковидот и тоа ги помати плановите, но и покрај тоа сметам дека на крајот ние ќе успееме да постигнеме некакви резултати кои ќе бидат видливи и ќе придонесат за регионот и за неговото приближување кон ЕУ, рече Ангелов.

актуелно ангелов бугарија позиции преговарачка промена рамка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.