Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев од Берлин: Новиот Закон за енергетика ги отвора вратите за производство на енергија од ОИЕ
Економија

Анѓушев од Берлин: Новиот Закон за енергетика ги отвора вратите за производство на енергија од ОИЕ

април 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со донесувањето на новиот Закон за енергетика се отвораат многу можности за Северна Македонија и широко се отвораат вратите за нови инвестиции во енергетскиот сектор, особено за производство од обновливи извори на енергија (ОИЕ), порача денеска од Берлин вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Од обновливите извори, досега во Република Северна Македонија има инсталирано околу 72 мегавати од мали хидроелектрани, 17 мегавати од фотоволтаични електрани и 36 мегавати од ветерни електрани, што е релативно мало учество на обновливи извори во споредба со развиените земји. Со новиот закон за енергетика се овозможува изградба на нови електрани од обновливи извори. Планот е да се изградат фотоволтаични централи со инсталирана моќност од 200 мегавати во наредните неколку години, изјави Анѓушев по свеченото отворање на „Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција“, еден од најважните меѓународни енергетски форуми, на кој учествуваат претставници на политиката, енергетскиот сектор и бизнисот од преку 50 земји.

Првите 62 мегавати, додаде, ќе бидат распишани на тендерска постапка до крајот на овој месец, од кои 35 мегавати ќе бидат изградени на државно, а 27 мегавати на приватно земјиште.

„Се работи и на неколку проекти за ветерни електрани, а привршува и тендерот за изградба на нови 22 мали хидроцентрали, при што за потпишување на договори за овие електрани ќе биде земено во предвид и еколошкото влијание, бидејќи дел од нив ќе бидат во национални паркови. Се на се, на добар пат сме во поглед на енергетска транзиција. Ги следиме светските трендови, а процесите во Република Северна Македонија се сериозно интензивирани, нагласи Анѓушев кој во попладневните часови ќе говори на панелот „Возможна мисија – Предизвици и решенија за енергетска транзиција“.

Вицепремиерот дополни дека со евентуалната изградба на хидроцентралата Чебрен, значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори.

„Во изминатите 10 години се изградени обновливи извори со инсталирана моќност од околу 120 мегавати, а во наредните 3-4 години очекуваме да се изградат централи со инсталирана моќност од 300 мегавати, заврши Анѓушев.

На свеченото отворање на Форумот, министерот за надворешни работи на СР Германија Хајко Мас, кој е еден од ко-организаторите, истакна дека во овој момент преку милијарда луѓе во светот се уште немаат пристап до електрична енергија, а зголемување на производството на енергија од обновливи извори може да го намали тој број.

„Енергетската транзиција не е само промена од фосилни горива кон обновлива енергија. Тоа значи целосна промена на политичките константи. Користењето на обновлива енергија им овозможува на државите да ја подобрат сопствената енергетска безбедност. Државите што ја трансформираат својата енергетска економија може да бидат многу понезависни во остварувањето на нивните стратегиски интереси и надворешната политика. Ова е само еден од аспектите за кои сакаме да зборуваме на Дијалогот за енергетска транзиција во Берлин, рече Мас.

Министерот за економија и енергетика на СР Германија Петер Алтмаер, зборуваше за процесот на енергетска транзиција во земјата, при што истакна дека Германија како индустриски гигант за неколку децении може да ја промени енергетската слика, преку енергетската транзиција, а притоа да ја задржи конкурентноста на светскиот пазар.

„Успешната енергетска транзиција мора да се замисли глобално и холистички. Холистичкиот пристап бара енергетската смена да биде успешна во сите сектори, а во целиот тој процес да бидат земени предвид социо-економските елементи. Тука незаменлива е непрекинатата меѓународна соработка. Затоа, сите клучни играчи и носители на одлуки од целиот свет се дојдени на Дијалогот за енергетска транзиција во Берлин: да ги идентификуваат најдобрите практики и со тоа да овозможат ефикасна, брза енергетска транзиција, потенцираше Алтмаер на свеченото отворање на форумот.

На енергетскиот форум во Берлин освен вицепремиерот Анѓушев, учествува и директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски.

актуелно енергетика закон произвдоство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.